Јокиќ доминираше, па незгодно се повреди во дуел со Гобер

Јута Џез славеше против Денвер Нагетс 122:110 и му го нанесе вториот пораз на тимот од Колорадо сезонава. Никола Јокиќ за 15 минути на паркетот уфрли 24 поени (8 од 9 од игра, 3/3 за три поени) со 6 скока и 6 асистенции. Но на две минути пред полувремето се повреди по еден дуел со најголемиот ривал Руди Гобер кој е трократен најдобар дефанзивец во НБА.

По излегувањето на Јокиќ, Вил Бартон го заврши мечот со 21 поен и 4 скока, а Ерик Гордон додаде 20 поени со 7 скока. Кај „џезерите“ кои нанижаа три триумфи по ред од старт на сезоната, Руди Гобер имаше дабл-дабл учинок со 23 поени и 16 скока, а Донован Мичел 22 поени и 6 асистенции. Одлична партија одигра и Џордан Кларксон со 19 поени.

 

27 октомври 2021 - 08:59