Нов играч во НБА виткаше обрач во пред-сезона

Џејмс Букнајт има 21 година. Летово како 11-ти пик беше одбран од Шарлот Хорнетс со кого потпиша договор на 3. август. На мечот со Мемфис Гризлис како подготовка за новата НБА сезона Букнајт уфрли 17 поени со 4 скока за 26 минути на паркетот. Во еден момент заби неверојатно и покажа дел од муницијата за новата сезона.

8 октомври 2021 - 12:14