Кошарка

Каков е овој чуден начин на шутирање?

Во колеџ лигата во САД, забележано е едно необично шутирање на тројка. Прецизно, но атипично.

Ретко видео од Работнички во 1979-та

Славниот најтрофеен македонски кошаркарски колектив КК Работнички со 15 шампионски титули сè уште е прв на вечната табела на прваци во земјава. Црвено-белите веќе неколку години се далеку од борбата за шампионскиот трон а навивачите се надеваат дека брзо ќе се врати славното време на големи успеси. Како во таа 1979-та кога ги водеше Лазо Лечиќ.

Ѕвезда на Детроит го удри Јокиќ во незгодно место, но не доби казна

Детроит Пистонс го совлада Денвер Нагетс 124-121 а најефикасниот кошаркар кај победникот Кејд Канингем постигна 29 поени и имаше 10 асистенции и два скока. Кај поразениот Денвер Нагетс Џамал Мареј уфрли 32 поени со 8 асистенции а Никола Јокиќ запиша дабл-дабл со 24 поени и 15 скока и 4 асистенции. Канингем во еден момент го удри Јокиќ на болно место но судиите не видоа неспортски фаул.

Пешиќ за прогресот во играта на Јокиќ

Најнов гостин во емисијата „Еден на еден“ е Светислав Пешиќ. Легендарниот српски стратег, кој со Југославија стана светски (2001) и европски првак (2002) и кој на Србите им донесе сребро на СП 2023 и бронза на Олимписките игри 2024, зборува за тоа колку Јокиќ оди напред од сезона во сезона и колку работел за да стигне до ова ниво.

„Тумба“ и ПАОК се збогуваа со своите загинати браќа

Во 27' минута од дуелот меѓу ПАОК и Пансераикос кој заврши 4-1, целиот стадион „Тумба“ во Солун со неверојатна бакљада се збогуваше за последен пат со 7-те трагично настрадани навивачи. Седум поддржувачи на ПАОК загинаа на лице место минатата недела во стравична и незапаметена сообраќјна несреќа со комбе, во Романија на пат кон Франција на натпревар со Лион од Лига Европа.

Се врати Јокиќ и тоа со 31 поен и 12 скока

Повредата на Никола Јокиќ е минато. Направи кам бек и одигра партија како да не отсуствувал еден месец. Денвер Нагетс ги доби Лос Анџелес Клиперс со 122-109, а Србинот го заврши мечот со 31 поен, 12 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.

Ненад Димитријевиќ како препороден кај Пешиќ, даде 11 поени во победа на Баерн

Баерн Минхен забележа пет победи на шест натпревари откако Светислав Пешиќ им стана нов тренер. Српскиот стратег се врати во Германија на местото на успехот, во земјата која ја направи европски шампион. Во Баерн дојде и Ненад Димитријевиќ кој синоќа повторно беше двоцифрен во Евролига. Во победата на Баерн над лидерот Хапоел Тел Авив на гости 79:64, Димитријевиќ имаше 11 поени, 1 скок и 1 асистенција. Ајзеа Мајк со 16 поени беше прв стрелец кај Баварците а Василије Мициќ со 13 кај Хапоел.

Лука изведуваше нешто и за малку не настрада на незгоден паркет

Кливленд Кавалирс убедливо со 30 разлика го совлада ЛА Лејкерс 129:99 и му го нанесе 18-от пораз во сезоната. Најефикасни во победничкиот тим беа Донован Мичел со 25 поени и четири асистенции и Џајлон Тајсон со 20 поени. Кај Лејкерс Лука Дончиќ уфрли 29 поени за 30 минути на паркетот со пет скока и шест асистенции. Во еден момент на старт на првата четвртина, по обид за три Дончиќ доскокнуваше на едната нога, несвесен дека паркетот во салата во Кливленд е поразличен од сите други. Пропадна во дупка и за малку тешко ќе настрадаше.

Македонската кошарка е многу нестабилна, падна кошот во Куманово

Куманово загуби дома од Чаир. Мечот прво бил прекинат поради лизгав терен, а потоа поради друг посериозен проблем кога е во прашање стабилноста. Урош Луковиќ ја заби топката на загревање без многу сила, а кошот се струполи на земја, цел со се конструкцијата. Инаку зборуваме за реновирана сала, за која беа потрошени повеќе од 2 милиони евра и во која ќе се игра Купот на Македонија.

Ол-Стар забивање, цела сала и Дончиќ се чудеа

ЛА Лејкерс ја забележа и 28-та победа сезонава откако синоќа го разби Чикаго Булс на гостински паркет. Дончиќ одигра уште еден луд натпревар со 46 поени, 7 скока и 12 асистенции, а моментот на вечерта го имаше неговиот соиграч Џексон Хајс по една украдена топка по 8-та тројка на Лука.

Дончиќ ги растури Булси со 46 поени

Лука Дончиќ одигра симултанка во домот на Мајкл Џордан. Го разнесе Чикаго со 46 поени, 12 асистенции, 7 скока и 8 тројки, за победа на Лејкерси од 129:118. Никола Вучевиќ го заврши мечот со 18 поени, 11 скока и 5 асистенции. Словенецот е во врвна форма со 33,4 поени по натпревар оваа сезона.

Грег Поповиќ се појави во сала

Една година откако доживеа мозочен удар, Грег Поповиќ влезе во сала, ги израдува, ама иствремено и ги растажи навивачите. Не повеќе истиот. Легендата беше на чело на Сан Антонио 29 сезони, во кои освои 5 прстени и стана тренер со рекорден број натпревари во НБА.

Најлошиот обид за цепелин

Веројатно тоа му беше намерата или не? Мохамед Диуф од Виртус Болоња со изразито лошо додавање на мечот против Фенербахче во Евролигата.

Дончиќ го збриша Денвер со историски трипл-дабл

Со фантастична партија во лидерски стил, Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси до триумф на гостувањето против Денвер од 107:115. Словенецот блесна со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции и го мина Јокиќ на листата на играчи со најмногу трипл-дабл мечеви со минимум 30 поени. Кај Нагетси не беа во комбинација четворица играчи, а Јокиќ го пропушти 12-от меч во низа.

Коди Милер-Мекинтајер врзуваше патики на сред напад

Црвена звезда оствари неверојатна победа против Емпорио Армани Милано на гости во Италија 104:96, после голем пресврт откако на старт на четвртата четвртина црвено-белите имаа -12 поени заостаток. Во последниот период дадоа 34 поени, примија само 14 и заслужено славеа. Но еден детал посебно ги изнервира гледачите: плејмејкерот Коди Милер-Мекинтајер ладно си врзуваше врвци додека Милано имаше напад и поентираше преку него.

Му го пуштија на Ентони Блек лудото забивање

Младиот бек на Орландо Меџик изведе лудорија против Мемфис, за која и самиот како да не е свесен колку моќно изгледа. „Мислев дека сум сам“, вели Ентони Блек.

Го имаме забивањето за 2026-та, НБА нека принта постер

Кога последен пат сте виделе четворица кошаркари да се обидат да спречат забивање и тоа неуспешно? 21 годишниот Ентони Блек од Орландо Меџик на дуелот против Мемфис изведе нешто спектакуларно, кое ќе се памети и кое заслужува место во посебна најавна шпица. Неверојатно е како изгледа ова. Урамете го.

Лестер Бо Мекејлеб стана тренер

Легендарниот кошаркар кој беше главен јунак на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на култното Европско првенство 2013 во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб станал тренер во САД.

Шарлот ја повлекува 30-та, Дел Кари плачеше како дете

НБА франшизата Шарлот Хорнетс објави дека во март на свечена церемонија ќе го повлече од употреба дресот со број 30 во чест на еден од најдобрите играчи во нивната клупска историја - Дел Кари. Кари, татко на најдобриот шутер во историјата на НБА лигата Стеф Кари и на уште еден НБА играч Сет Кари, играше во лигата од 1986 до 2002-ра година.

Денвер Нагетс тера добро и без Јокиќ, трета победа по ред

Денвер Нагетс го забележа и третиот триумф по ред, овојпат 118:109 над Далас Маверикс. 

Рекорд на сезоната за Никола Вучевиќ, му донесе победа на Чикаго на 4 секунди пред крај

Кошаркарите на Чикаго Булс ја совладаа Јута Џез 128:126 а јунак на повеќекратниот НБА шампион беше Никола Вучевиќ кој трет пат сезонава постигна кош во последните секунди за голема победа.

Интересна завршница на Гнабри од Баерн Минхен

Баварската машинерија продолжува да гази. Во Бундеслига имаат 15 победи и 2 нерешени на 17 натпревари. Синоќа го совладаа Келн на гости со 1-3. Првиот гол за Баерн го даде Серж Гнабри на истек на првиот дел во 45+5' минута. Интересно голче.

Џордан сам против сите од Орландо

Првиот чувар се вика Пени Хардавеј, вториот Шекил О`Нил, а под кош е и Хорас Грент. Ем Џеј не го интересира и не гледа кој има пред него. Влегува и ја решава акцијата, па ако треба и сам ќе си асистира, како во случајов.

Адетокумбо им се сврте на своите навивачи

Милвоки Бакс изгуби 139-106 од Минесота Тимбервулвс и го запиша 23-от пораз (имаат 17 победи). Најдобриот кошаркар во историјата на клупската франшиза Јанис Адетокумбо одново беше најефикасен со 25 поени, 8 скока и 5 асистенции но навивачите постојано го исвиркуваат и „букаат“ и него и соиграчите, па тој им возврати.