Леброн Џејмс на 40 години игра како во најдобри денови

Лос Анџелес Лејкерс води со 2-0 во серијата против сезонава силниот Хјустон Рокетс откако синоќа на крилата на Леброн Џејмс победи 101-94.

Леброн Џејмс постигна 28 поени со 8 скока и 7 асистенции и по вторпат беше несопирлив за „ракетите“. Лејкерс пак играа без Лука Дончиќ и Остин Ривс кои се повредени. Маркус Смарт му беше голема поддршка на Леброн Џејмс со 25 поени а Лук Кенард даде 23 поени.

Кај Хјустон Рокетс повратникот Кевин Дурент даде 23 поени со слаб шут за три (1/4), 6 скока и 4 асистенции. Дурент имаше и дури 9 загубени топки, нејсвојствено за него.

Турчинот Алперен Шенѓун забележа дабл-дабл учинок со 20 поени и 11 скока и 5 асистенции, 4 украдени топки и 2 блокади.

Лејкерс сега имаат комотна предност а серијата се сели во Хјустон каде ќе се одиграат два натпревари.

 

22 април 2026 - 08:59