Внатрешните немири и притисоци со кои се борел Самарџиски
Предраг Самарџиски, кој направи кариера во Македонија, Србија, Турција и Литванија и кој беше дел од златната кошаркарска репрезентација која го освои четвртото место на ЕП 2011, во подкастот „Јао Миле“, зборува отворено за проблемите кои ги решавал со помош на психолог. Во тој контекст нагласува и колку е важно да им посвети поголемо внимание на младите таленти.