Најефикасни во триумфот на Минесота Тимбервулвс беа Ајо Досунму со 25 поени и 9 асистенции, Џејден Мекданиелс со 20 поени и 10 скока, Џулиус Рандл со 15 поени, 6 скока и 4 асистенции, Ентони Едвардс со 17 поени и Донте Дивинченцо со 15 поени.
Минесота Тимбервулвс успеа прво во Колорадо да добие еден натпревар, да израмни на 1-1 во серијата а сега на свој терен во Минеаполис да слави уште еднаш за да поведе 2-1.
Мекданиелс, Досунму, Едвардс, Рандл и Гобер лесно ја пробиваа одбраната на Денвер Нагетс која не е на ниво веќе некое време, а овојпат и нападот им попушти.
Никола Јокиќ имаше катастрофален шут со 7/26 (2/10 за три поени), но и покрај тоа постигна 27 поени. Слаба вечер имаше и Џамал Мареј со 16 поени и индекс -12 (5/17 од игра) со 0/5 за три поени.
„Шутот не доведе во тешка положба на почетокот на натпреварот. Ние едноставно имавме проблеми со шутот. Јокиќ само промашуваше, навистина го мислам тоа, тој одиграл милион натпревари во доигрувањето. Постојат ноќи кога едноставне не оди и мислам дека ќе се врати на своето ниво“, рече тренерот на Денвер Дејвид Аделмна за Јокиќ.
По фрустрирачката партија, самиот Јокиќ беше прашан од новинарите за неговото искуство при негатива во серија за доигрување за титула:
„Искрено не се сеќавам. Се сеќавам дека сме се враќале повеќе пати во доигрувањето. Но најважен е следниот натпревар. Мораш да победиш на следната па после да размислуваш за иднината. Следниот натпревар е навистина многу важен за нас. Мора да играме многу подобро“, вели Јокиќ.
Руди Гобер, високиот француски центар конечно дочека партија во која го надигра Јокиќ, односно го чуваше одлично добро во одбраната. „Тие се навистина добри одбранбени играчи. Те тераат да шутираш преку нив и воопшто да не размислуваш за шутот“, вели 31-годишниот Јокиќ.
Серијата се игра до 4 добиени, следната е пак во Минесота.