Снажен одговор на Јокиќ, Денвер Нагетс е жив во серијата

Минесота Тимбервулвс повторно се обиде со груба и пргава игра уште еднаш да го скроти Денвер Нагетс, но Никола Јокиќ овојпат не дозволи пак да го изгуби својот терен. На домашен паркет Нагетс славеа 125:113.

Во 5. натпревар од серијата во доигрување за титулата која се игра до 4 добиени, Денвер Нагетс победи и намали на 3-2.

Никола Јокиќ уфрли трипл-дабл учинок со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока. После три порази во серија од незгодниот ривал кој и во 2024-та ги исфрли од борба за титулата, Денвер Нагетс сега остана во игра.

Покрај Јокиќ Џамал Мареј имаше 24 поени на средбата на која Спенсер Џонс даде придонес со 20 поени.

Кај Минесота Тимбервулвс Џулиус Рандл беше најдобар играч со 27 поени и 9 скока а Ајо Досунму кој на 4-от натпревар влезе во историјата со 43 поени од клупата.

Џејден МекДаниелс пак се обиде да го испровоцира Никола Јокиќ, го блокираше намерно после судиска свирка а Србинот пак тргна кон него.

Овој триумф на Денвер Нагетс доаѓа во момент кога кај Минесота поради повреди фалеа првотимците, лидерот Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо. Серијата сега се враќа во Минеаполис каде Јокиќ, Мареј и другарите ќе се обидат одновно да слават, да израмнат и после пред своите навивачи да обезбедат пласман понатаму.

 

28 април 2026 - 08:28