Српскиот центар во просек бележи по 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции. Стана прв кошаркар во историјата на НБА лигата кој е истовремено лидер по број на скокови и асистенции со просечен трипл-дабл во текот на цела сезона.
Никола Јокиќ е во најтесниот круг за МВП наградата но од САД се почесто доаѓаа чудни ветришта дека би можел да остане без истата. Од непознати причини Србинот е трет или дури и четврт на листата најголеми фаворити.
„Тешко е. Се е на волјата на гласачите, но мислам дека веројатно никој нема да гласа за Јокиќ зошто веќе има три МВП награди. Не сакаат да му дадат и четврта, сфаќаш? Веројатно не сакаат да дојде до четири МВП но Јокиќ е неверојатен. Беше лидер во лигата во скокови и асистенции, тоа му е стандард. Го сакам Јокиќ но мислам дека наградата ќе ја зема Шеј (Гилџес-Александар).
Bobby Portis believes Nikola Jokic deserves MVP, but doesn't think he'll win the award 👀🏆
— Run It Back (@RunItBackFDTV) April 14, 2026
"Nobody gonna vote for Jokic because he already has 3 of them and they probably don't want to give him 4."@BPortistime | @MichelleDBeadle | @ChandlerParsons | @TeamLou23 pic.twitter.com/bdu3TafkYL
Јокиќ беше МВП во 2021, 2022 и 2024. Во трката 2023-та имаше чудна ситуација во која наградата ја доби Жоел Ембид иако Јокиќ беше подобар од него во многу параметри. Во 2025 наградата МВП ја доби Шеј-Гилџес Александер.
Евентуална четврта МВП титула би го израмнила Никола Јокиќ со легендите Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен кои имаат по 4 признанија. Повеќе од нив имаат лидерот Карим Абдул-Џабар (6), Мајкл Џордан (5) и Бил Расел (5).
Најголем конкурент на Јокиќ сезонава му се Шеј Гилџес-Александер и Виктор Вембанјама. Бекот на Оклахома Сити Тандер во просек има по 31,1 поен по натпревар но со 4,3 скока и 6,6 асистенции. Тој е лидер на најдобриот тим во лигата кој има 64 победи во основниот дел.
Виктор Вембанјама има просек од 26,0 поени, 11,5 скока и 3,1 блокада и сам го водеше Сан Антонио Спарс до високото 2. место на Западот од каде го чекаат доигрувањето.
Никола Јокиќ самиот отсуствуваше 17 натпревари во НБА на кои сигурно уште повеќе ќе го подобреше својот и онака неверојатен учинок а од Денвер Нагетс поради повреди отсуствуваа подолго време и Арон Гордон (пропушти 46 меча), Кем Џонсон и Пејтон Ватсон (пропуштија 28 натпревари), Кристијан Браун (38 натпревари).
Во првата рунда од доигрувањето Денвер Нагетс ќе играат против Минесота Тимбервулвс како трети и шести тим од Западот. Ова ќе биде реприза од полуфиналето на конференцијата од 2024-та кога Минесота славеше 4-3 во серија и го исфрли Денвер Нагетс од борбата за титула.