Сан Антонио изгуби и остана без Вембанјама кој се повреди

Кошаркарите на Портланд Трејлблејзерс израмнија 1-1 во серијата со Сан Антонио Спарс откако синоќа славеа 106-103 на гости.

Натпреварот го одбележи тешката повреда на првата ѕвезда на Спарс и кошаркарот кој само ден претходно влезе во историјата како прв во НБА кој едногласно бил избран за најдобар одбранбен играч на сезоната.

Вембенјама се повреди во втората четвртина после еден продор во рекетот кога пред него беше Џру Холидеј. Французинот падна со лице на земја, удри со вилицата на под после шо го напушти теренот.

Се испоставило дека доживеал потрес на мозок.

Спарс се држеа добро и без својот лидер, но на крајот Портланд однесе важна победа и се враќа дома со активен резултат 1-1. Најефикасен кај Сан Антонио беше Стефон Касл со 18 поени, Диерон Фокс додаде 17 а Девин Васел запиша дабл-дабл со 16 поени и 12 скока.

Кај Портланд Џру Холидеј беше прв стрелец со 16 поени и 9 асистенции, Дени Авдија имаше 14 поени а Вилијамс 11.

За 12 минути на паркетот Виктор Вембанјама имаше пет поени, четири скока и по една блокада и асистенција. Според правилата во НБА, играчот ќе мора да мине најмалку 48 часа во опоравок и неколку медицински тестови без симптоми за да добие дозвола да се врати на терен.

Третиот натпревар е во петок.

Сан Антонио Спарс со овој пораз прекина една интересна серија од дури 76 победи во доигрувањето за титулата кога имале најмалку 14 поени предност во четвртата четвртина. Последен пат тоа им се случи против Далас Маверикс во 2003-та година.

22 април 2026 - 08:19