Детроит Пистонс, некогашниот шампион, конечно победи дома во доигрување после 18 години

Екипата која речиси цела сезона беше прва на Истокот во НБА преводена од српскиот стратег Дарко Рајаковиќ, синоќа израмни на 1-1 во серијата со Орландо Меџик во доигрување за титулата.

Детроит Пистонс славеше 98-83 и израмни на 1-1 во вториот натпревар од доигрувањето во НБА лигата. Ова беше прв триумф на домашен паркет на Пистонс во борба за титула после 18 години.

Лидерот Кејд Канингем со 27 поени и 11 асистенции запиша дабл-дабл учинок. Инаку Детроит Пистонс имаа неверојатно негативна серија од 11 порази по ред на домашен терен во доигрување. Кај Орландо Меџик Џејлен Сагс беше прв стрелец со 18 поени, девет скока и четири асистенции а Италијанецот Паоло Банкеро додаде 18 поени со осум асистенции и шест скока.

Серијата сега се сели во Орландо каде следниот натпревар се игра ноќта на 25-ти април.

23 април 2026 - 08:53