Во вториот период од мечот Минесота Тимберволвс - Феникс Санс кој „сонцата“ на крај го добија 129-117, кошаркарот на Вулвс, Д’Анџело Расел заборавил да влезе во игра и ги оставил четворица соиграчи да се бркаат со петорката на Феникс. Додека се сети да влезе поради него примија тројка.
Најголемиот спортски репрезентативен успех на Македонија, преточен во документарен филм ќе се прикажува на меѓународна сцена, каде продефилирале ликови како Кројф, Шевченко, Барези, Канаваро, Тајсон...
Неверојатниот Дончиќ и на 9-ти меч по ред во НБА од стартот на сезоната дава по 30+ поени и со тоа влезе на многу книги за рекорди во најдобрата лига. Единствено пред него таков учинок имал само легендарниот Вилт Чембрлејн кој на 23 средби по ред давал по најмалку 30 поени.
Јута Џез направи неверојатен рез летово и реши да се ослободи од најголемите ѕвезди и лидери на екипата Бојан Богдановиќ, Донован Мичел и Руди Гобер. Тимот сезонава е подмладен и игра сјајно од почетокот. Синоќа го декласираа ЛА Лејкерс 139-116 и се на учинок од 9 победи и 3 порази. Лејкерси имаат 8 порази и само две победи. Момент на мечот беше забивањето на Тален Хортон-Такер над Дамјан Џонс.
Ако сакате да слушнете една добро позната генијална кошаркарска приказна, од оние уникатните и неповторливи од старо време, тогаш следните 60 секунди претворете се во уши. Ова го можат само ликови како Џаро и Лазо Лечиќ. Србите направиле одлична визуализација.
Од старт на новата НБА сезона, Далас Маверикс има учинок од 4 победи и 3 порази. На сите 7 меча по ред Лука Дончиќ постигнува по најмалку 30 поени што во најдобрата лига на светот не се видело од 1962-ра кога Вилт Чембрлен имал ваков луд старт на сезона.
Само три дена по феноменалниот трипл дабл од 41 поен, 11 скока и 14 асистенции против Бруклин Нетс, незапирливиот Лука на Орландо му даде 44 поени за победа од 114:105.
Бруклин Нетс загуби дома од Индијана Пејсерс со 116:125, а со тоа го бележи петтиот пораз после шест средби. Јапонецот Јута Ватанабе имаше најдобра намера, да спаси една топка со дефанзивен скок, ама на крај несакајќи успеа да постигне атрактивен автокош.
Лук Корнет е висок 218см. Погледнете како ја користеше неговата висина ноќеска на мечот против Кливленд. Не сме виделе до сега некој вака да го чува кошот во НБА.
Далас Маверикс на гостински терен после продолжение го победи силниот Бруклин Нетс со 129-125. Лука Дончиќ се претстави со уште една страшна партија: 41 поен, 11 скока и 14 асистенции. Постигна и три тројки во продолжението и беше најзаслужен за триумфот на Маверикс.
Денвер Нагетс одново му одржа лекција на ЛА Лејкерс кој има 4 порази на 4 меча на стартот од сезоната, учинок каков што Леброн и Ентони Дејвис немале никогаш во кариера. Но да се вратиме на насловот. Најефикасен кај Нагетси беше Јокиќ со 31 поен, 13 скока, 9 асистенции и 4 украдени топки. Во еден момент кога сите ја видоа топката изгубена во аут, Србинот најде начин како да ја додаде.
Во дербито на вечерта, Милвоки Бакс на крилјата на лудиот Јанис Адетокумпо ја оствари и третата победа од почеток на сезоната. Го совладаа Бруклин Нетс 110-99. Јанис збесна со 43 поени, 14 скока и 5 асистенции. Во еден момент на еден од лидерите на Нетси, Бен Симонс му гестукилраше дека е премногу мал да го чува.
Македонскиот а светски признат уметник Сатја Грабулоски (внук на легендарниот скулптор Јордан Грабулоски - Грабул чие славно дело е споменикот Македониум во Крушево), веќе десетина година прави патики за светските и регионални ѕвезди. Сатја требал да прави патики за Коби Брајант но дента кога стигнал во Лос Анџелес се случила хеликоптерската несреќа во која загина култниот кошаркар и еден од најдобрите на светот.
Феникс Санс убедливо го совлада шампионот Голден Стејт во дербито на колото во НБА. Интересно, најдобриот играч во лигата и МВП на минатосезонското финале, Стефон Кари промаши слободно фрлање после 22 погодени по ред.
Лука Дончиќ влезе во историјата како прв кошаркар на Далас Маверикс кој ја почнал сезоната на првите три меча со најмалку 30 поени. На мечот со Оклахома Пеликанс кој неговиот Далас го изгуби 113:11, лидерот на Маверикс имаше страшни 37 поени, 11 скока, 7 асистенции и две украдени топки.
Големото дерби на НБА лигата го доби Феникс Санс кој со 134 - 105 го победи шампионот Голден Стејт Вориорс. Во 7:24 минута од третиот период кога резултатот уште беше тесен, се спречкаа главните играчи на двата тима, Девин Букер и Клеј Томпсон. Вториов доби две технички грешки и автоматски беше исклучен од игра после што „воините“ доживеаа потоп. Клеј на излегување покажуваше со прсти дека има четири прстени.
Мемфис Гризлис и Бруклин Нетс одиграа сјаен дуел со дури 258 поени. Победија „гризлите“ 134 - 124, а најинтересна епизода беше кога Џа Морант ја остави топката да лази и го намести Бен Симонс да му направи фаул за 6-та лична грешка поради која мораше да го напушти теренот.
Јусуф Нуркиќ одбра чуден начин на игра во одбрана. На мечот против Лејкерски, кој Портланд го добија со 106:104, Босанецот не само што го игнорираше својот чудар, туку и мртов ладен си го чепкаше носот. Како помина Дејвис од тројка? Ја изделка таблата.
Се вика Борјан Китановски, има 15 години, висок е 190 см и ја заби со толку голема леснотија, како ретко кој во јуниорската македонска кошарка. Секоја чест дете. Се работи за меч меѓу МЗТ и Струмица.
Нова НБА сезона, нови уникатни потези на двократниот МВП, кои се одраз на неговата интелигенција. Денвер го реши Голден Стејст со клучно тачдаун додавање на Србинот во финишот од мечот.
Лејкерски го загубија и вториот меч во новата НБА сезона, овој пат од Клиперси со 103:97. Хит број 1 е кусото видео со Расел Вестрбук кој вели дека бил солиден и одиграл жестоко, а личниот скор му е 0 поени од 11 обиди.
Денвер Нагетс и покрај сјајната партија на Никола Јокиќ, со пораз од Јута Џез 123:102 ја отвори новата сезона 2022/2023 во НБА. Џезерите летово ја распродадоа цела екипа и решија да играат со клинци, но муабетот ни е нешто друго.
Кошаркарите на Пелистер со две победи против ТФТ и Шенчур ја стартуваа сезоната во АБА 2 лигата. Ако треба да се избере број 1 потег од средбите во Златибор, тоа без конкуренција е ѕверското забивање на Лукас Валфорд од Шенчур, фејс то фејс врз Иван Сапунџиев.