Кошарка

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Чудесен потег на Дончиќ: погоди тројка од голема далечина седнат на клупа

Лука Дончиќ само што ја заврши сезоната во НБА, одмори неколку дена и веднаш и се приклучи на репрезентацијата на Словенија. 23-годишната суперѕвезда на Далас Маверикс на еден тренинг на Словенците постигнал неверојатен кош, во негов својствен стил.

Теодосиќ со песна и порака се прости од репрезентација

И покрај тоа што не е престарен и на 35 години игра на високо ниво во Виртус Болоња, Милош Теодосиќ не влезе во конечниот список на селектор на Србија, Светислав Пешиќ за Европското во кошарка кое стартува на 1 септември. Долгогодишниот капитен беше испратен од кампот на репрезентативците во кафански стил, со стихови во кои има порака.

Американската кошаркарка осудена на 9 години во Русија, може да ја спаси само некаков договор за размена

Химкинскиот суд во Подмосковје ја прогласи американската кошаркарка Бритни Грајнер за виновна за шверц и поседување наркотици и ја осуди на 9 години затвор и казна од 1 милион рубљи. Што е целата приказна со неа?

На Евробаскетот 11 репрезентации ќе играат со странски кошаркари

Триесет и едно годишниот Американец Лоренцо Браун кој е роден во Розвел (Џорџија, САД), е последниот натурализиран кошаркар во една репрезентација која ќе игра на Европското од 1. септември. И тоа не во која било, туку за Шпанија каде цела јавност крена глас зошто го викаат да им зема место на домашните играчи.

Од Џабар и Шек, преку Стеф Кари, Баркли и Поп: Цела НБА се простува со големиот Бил Расел

Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.

НБА тагува, се одјави големиот Бил Расел

Иконата на Бостон Селтикс и еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Бил Расел, 11-кратен НБА шампион, почина на 88 години, „мирно“ како што соопшти неговото семејство во неделата вечер.

Шекил раскажа како си поминал со Лука Дончиќ како домаќин

Легендарниот Шекил О’Нил, еден од најдборите центри во НБА на сите времиња, летово настапи во Хрватска и Словенија каде пуштал музика во друштво на Лука Дончиќ.

Убаво е да се види ваква дрска игра под кош на наше дете

Храброто момче се вика Метин Саити, член на Македонија У-18, кој на мечот против Црна Гора го залепи на постер својот чувар, за овации на публиката.

ФИБА ни стави уште една додавка на името

Пацерски потег на ФИБА, која како светска куќа на кошарката не ја личи да прави вакви гафови. На мечот во Тбилиси во рамките на третото коло од Европското Првенство – Б дивизија за играчи до 20 години, имаш ова:

Диџеј Шек правеше шоу во друштво на Дончиќ и Драгиќ

Легендарниот О`нил пушташе музика во Хрватска, а на журката на бина се качија Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Царот е роден за забава, па им покажа како се држи ритам со симулирање слободни фрлања.

Како Јокиќ го прослави потписот на договорот вреден 264 милиони долари

Со црна рамбовка, шорц и влечки, Никола Јокиќ стави потпис на најбогатиот договор во историјата на НБА лигата. Астрономски 264 милиони долари кои ќе ги заработи во плата од 2023-та до 2028-та. Ајмо мајсторе, распали.

Направи триесет склека па ќе добиеш автограм од Стеф Кари

Стеф Кари е на заслужен одмор откако со своите Вориорс во големото НБА финале го урнаа Бостон Селтикс и ја освоија титулата. Кари каде и да се најде е опкружен од навивачи кои сакаат да се сликаат со него. 20-годишниот Мејсон Барбер морал душа да извади со 30 склека за да добие автограм од лидерот на НБА шампионот.

Дебитираше првиот пик на НБА драфтот од кого се очекува да блесне

Во првиот меч од Летната Лига, младиот Американец со италијански пасош, Паоло Банкеро заигра за својот нов тим Орландо Меџик кој го бираше како прв пик на драфтот. Победија „магичните“ против Хјустон Рокетс 91:77 а Банкеро имаше одлична партија.

Филмот за мегаѕвездата Адетокумпо чии родители биле мигранти без документи во Атина

Морална лектира за летово - приказната за патот на семејството Адетокумбо. Од страшна сиромаштија на улиците во предградијата на Атина, до врвот на светот како крал на НБА.

Тројката која ги фрли во очај Бугарите

Босна и Херцеговина ја победи Бугарија 76:73 во последното коло од првата фаза квалификации за Светско првенство. Џанан Муса, лидерот на БиХ прво во самиот финиш промаши две слободни фрлања но му се укажа шанса за поправен испит и со тројка од далечина на секунда пред крај и донесе триумф на Босна и Херцеговина против Бугрија. БиХ во следната фаза ќе игра против Франција, Унгарија и Црна Гора.

Решиле Швеѓани да го провоцираат Лука Дончиќ, им врати со полн кош

Додека Хрватска го доживеа најголемиот срам во кошаркарската историја и со 5 порази испадна во дивизија каде се Сан Марино, Андора и останати аматери, Словенците предводени од НБА тандемот Дончиќ-Драгиќ се пласираа во следна фаза од квалификации за Светско првенство 2023.

Маки маалски

Додека не најдеш некој стап, рачка од метла, џогер или шипка, ќе пробуваш како знаеш. Освен ако нема некој висок во близина да припомогне.

Едно несекојдневно забивање бидна во Белгија

Белгија со преубедливи 102:59 ја демолираше кошаркарската селекција на Словачка и отиде во следната втора фаза од квалификациите за Светско првенство во кошарка. Мечот ќе се памети по едно чудно, баш чудно забивање на најдобриот поединец на натпреварот, Белгиецот Ретин Обасохен кој имаше 18 поени за 19 минути на терен.

Буцкото кој бараше другари за баскет во маало на Фејсбук, го потпиша најбогатиот договор во НБА

НБА лигата ги виде Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил Онил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и кој уште не, ама го немаше Никола од Сомбор, кој дојде, покажа како се игра кошарка и стана уникатен мадр факр лик.

Дончиќ и Драгиќ ја растурија Хрватска, па Лука му правеше метании на Горан

Словенија пред преполна сала во Љубљана ја разби репрезентацијата на Хрватска со 97-69 во квалификациите за Светско првенство и „змајчеки“ сега се први во група Ц со учинок 3-2. Хрватска со 1-4 е на раб на елиминација. Лука Дончиќ со 21 поен, со 8 скока и 10 асистенции и Драгиќ со 19 поени  имаа одличен натпревар а самото нивно присуство беше доволен мотив за Словенците да летаат по паркетот.

НБА ѕвезда од Охрид ужива на Охридското езеро

Џеди Осман, еден од лидерите на Кливленд Кавалирс во НБА лигата, деновиве престојува во Охрид каде направил свадбена прослава со неговата вереница Ебру Шахин, најпозната турска актерка. Татко му на Осман е Турчин од Охрид, а мајка му е од Нови Пазар во Србија.

Секој од нас некогаш се сретнал со ваков чичко во маало

Доаѓа обично на сред партија, влетува во терен како да го освоил Њу Мексико и ладно го бара баскетот, за да покаже дека без старца нема ударца. И најчесто му поаѓа од рака.

Како Мајкл Џордан отиде од НБА во бејзбол во спомен на убиениот татко

Малку познати факти од кариерата на Мајкл во еден друг спорт каде не само што се срамел и бил понижуван, туку и бил исмеван од јавноста. А имал само еден повод да отиде од НБА каде беше крал. Не за слава, не за пари, не за моќ.