„Пробав да го напијам Јокиќ, пиевме некое српско виски тогаш и никогаш повеќе“

Денвер Нагетс на убедлив начин стигна до својата прва историска шампионска титула во НБА лигата а најзаслужен за истата беше МВП на финалето Никола Јокиќ. Веднаш по кренатиот шампионски пехар почнале прослави кои траеле неколку дена и ноќи.

Никола Јокиќ по освоената титула изјави дека едвај чека само да си оди дома на својата ергела коњи во Сомбор и дека не знае дали би дошол на шампионската парада.

На крај го убедија и тоа како да беше појдовна точка за неговите журки во следните ноќи. По парадата ширум Денвер каде ги пречекаа стотици илјади навивачи, Јокиќ и соиграчите се упатиле за Вегас каде имало резервиран ноќен клуб.

А таму најмногу во чашката уживал Брус Браун. Тој пробал и пијалак кој му го понудил Јокиќ, веројатно српска ракија. Утредента сними видео на кое вели дека е „отепан“ и дека за тоа е крив Јокиќ.

„Пиевме некое српско виски, а јас имав за цел да го напијам Јокиќ. Но тој го сврти сценариото. Поголем е од мене, не размислував воопшто на тоа. Не можеш да пиеш со него, ја научив таа лекција. Поинаков е. Никогаш повеќе! Имав лет следното утро, а се разбудив во 11:50“, раскажал Брус Браун.

19 јули 2023 - 10:58