Во дербито на денот во 1. коло фаворитите за сама завршница, Канада и Франција одиграа дуел во кој Канаѓаните им одржаа на Французите права лекција.
И покрај почетното водство на Франција од 7-0, Канада до крајот на мечот диктираше ритам.
Предводени од сјајната НБА ѕвезда Шај Гилџус-Александер кој постигна 27 поени со 12 скока и 6 асистенции на неговото прво Светско првенство каде дебитира, Канаѓаните ја растурија Франција 95-65!
Shai led the way 🇨🇦
— Canada Basketball (@CanBball) August 25, 2023
27 points for the kid from Hamilton earns him @ToyotaCanada Drive of the Game honours#DOTG | #OneTeam pic.twitter.com/lv8oG0SUCn
we're just getting started#FIBAWC | #WinForCanada | #OneTeam pic.twitter.com/9VFwsMnQ8e
— Canada Basketball (@CanBball) August 25, 2023
Ова е еден од најтешките порази во историјата на Франција на светските првенства. Дилон Брукс и Никеил Александер-Вокер додадоа по 12 поени. Кај Французите единствен разигран беше Еван Фурние со 21 поен. Сите останати затаија.
Со оваа игра и победа против главниот ривал во групата Канада истакна кандитатура за самиот врв. Во второто коло Канаѓаните ќе играат против Либан а Франција со Летонија. И двата меча се во недела.
Too smooth with it. 🥶
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) August 25, 2023
Shai with 27 PTS 13 REB 6 AST in his World Cup debut. #FIBAWC x #WinForCanada 🇨🇦 pic.twitter.com/DlitZVOdgi
На останатите натпревари од 1. коло денес, Италија ја совлада Ангола 81-67, Австралија беше подобра од Финска 98-72, Црна Гора - Мексико 91-71, Летонија - Либан 100 - 79, Доминиканска Република - Филипини 87-81, Германија - Јапонија 81-63, Литванија - Египет 93-67.