Кошарка

Што сè нема на полувреме по НБА

Најатрактивната кошаркарска лига на светот во цел да ги држи будни навивачите дури и на полувреме, прави разни шоуа. Што сè нема да им текне?

Ќерката на Јокиќ го разнежни МВП шампионот

Никола Јокиќ со уште еден трипл-дабл, 11-ти во сезоната придонесе во седмата победа по ред за шампионот Денвер Нагетс. Пред мечот, на загревање, ќерка му Огњена го забележува татко ѝ во подтрибинскиот простор и трча кон него.

Јокиќ: Кога ќе ја завршам кариерата, посакувам никој да не ме познава

„Тажно е, секогаш кога одите во бар, ресторан, на некој натпревар, луѓето ги вадат телефоните и се обидуваат да ве снимаат“.

Трипл дабл без промашување, Вилт Чемберлен и Никола Јокиќ, толку се

Нема многу време за сумирање и правење осврти за неговите игри. Само што ќе објавиме нешто за овој човек, следува нова негова неверојатна партија, како да е најнормално и најлесно така да се игра и доминира во НБА.

Џордан или Леброн?

Прашање поставено до Чарлс Баркли кој од прва го дава и образложува одговорот во кратки црти.

Нова магија на Лука Дончиќ

Суперѕвездата игра во неверојатна форма и веќе неколку натпревари е нерешлива енигма за сите ривали во НБА. Само што соиграчите не го следат доволно добро, па не може се сам. Далас Маверикс синоќа изгуби 113:110 од Кливленд Кавалирс на домашен терен. Дончиќ уфрли 39 поени со седум скока и шест асистенции.

Лош, полош, Детроит Пистонс

Детроит Пистонс синоќа изгуби од Бруклин Нетс 118-112 и со тој пораз постави нов негативен рекорд со дури 27 порази по ред во лигата што е апсолутен рекорд.

Потегот на вечерта во НБА е забивањето на Колин Секстон

Малку е ризично, бидејќи ако не ти успее, ќе следува сеир и во сала и на Твитер, ама Секстон тоа го направи храбро и самоуверено и на крај си го направи меракот.

Никола Јокиќ 18/18 од слободни

Шампионот Денвер Нагетс со 120-114 го доби големото дерби против Голден Стејт Вориорс. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, 5 скока и 3 асистенции. Никола Јокиќ уфрли 26 поени со 14 скока и осум асистенции за дабл-дабл учинок. Ефикасни беа уште и Мајкл Портер со 19 поени и 10 скока, Арон Гордон со 16 поени и 10 скока.

Дончиќ се отвори за Божиќ со 50 поени и 15 асистенции

Лука испиша историја и стана прв играч меѓу активните кој најбрзо стигнал до 10.000 поени во НБА. Прв и после Мајкл Џордан меѓу пензионираните.

Дечки, па да ве видиме како гости на Ол стар

А ние па горди што одиме пешки на работа, демек трошиме по нешто од тешките празнични софри.

Дончиќ погоди од пола терен зад грб и доби кладба

Лука Дончиќ беше хит на вечерта во НБА. Пред големото дерби на Тексас со Сан Антонио, фантастичниот Дончиќ се кладел со тренерите дека ќе погоди од пола терен и тоа свртен со грб. Кладбата била склекови па на тренерите не им останало ништо друго.

Кошаркарскиот поен број 1 за 2023-та

Што и да се случи до крајов на годинава на кошаркарски план, нема да може да му го земе приматот на Тајлер Дорси од Фенербахче. Ваков поен ни во НБА не сме виделе. Не само преку табла, туку и преку семафор и тоа за победа над турскиот тим против Жалгирис. По лудиот шут Дорси погоди и дополнително слободно фрлање за конечни 80:76.

Забивање на денот

Оклахома Сити Тандер убедливо со 134-115 го совлада ЛА Клиперс и им ја прекина неверојатната серија од девет победи по ред. Лидерот на „громовите“, канадскиот репрезентативец Шеј-Гилџес Александер имаше врвна вечер со 31 поен, осум асистенции, четири скока и четири украдени топки, но потегот на вечерта го изведе младиот руки Чет Холмгрен кој притоа постигна 23 поени со 9 скока.

Денвер дошол во Њујорк, сите низ град, Јокиќ на едно друго место

Уникатноста на Никола Јокиќ се состои во неговата едноставност на живеење. Додека сите негови соиграчи пред мечот со Њујорк Никс искористиле слободна вечер да прошетаат низ „престолнината на светот“, Јокиќ се упатил во едно предградие надвор од градот за да го посети хиподромот за трки на коњи Јонкерс.

Нови супер партии за Лука Дончиќ и Никола Јокиќ со кинески бренд патики

Јокиќ одбележа уште еден триумф на шампионот Денвер Нагетс, откако синоќа во победата против Торонто 113-104 блесна со нов дабл-дабл учинок. Дончиќ запиша трипл-дабл но неговиот Далас Маверикс изгуби од ЛА Клиперс.

Банани на вечерта

Минесота Тимбервулвс направи огромен пресврт после негатива од -17 поени и го победи Мајами 112-108 на крилјата на Ентони Едвардс кој постигна 32 поени со 8 скока и 5 асистенции и Карл-Ентони Таунс кој додаде 18 поени со 8 скока. Ова е дури 20-та победа со само 5 порази сезонава на Тимбервулвс со што со Бостон се израмнија како најдобри екипи во регуларниот дел досега.

Харден со луд настап и урлање во камера беше ѕвезда на вечерта

Ѕвездениот состав на ЛА Клиперс влезе во страшна форма и ја забележи осмата победа по ред во НБА лигата. И тоа каква победа! Ја разбија Индијана Пејсерс со неверојатен резултат 151:127 и покажаа дека сите песимисти во однос на тоа како ќе се вклопат ѕвездите не биле во право.

Кари по 5 години не погоди тројка, ама ја има асистенцијата на вечерта

По пауза од 268 натпревари или 1.865 дена, Стефон Кари како еден од најдобрите шутери во историјата и специјалист за тројки, не успеа да погоди шут за три поени од осум обиди. И покрај тоа Голден Стејт го доби Портланд со 118:114, а оваа асистенција на Кари е прогласена за број 1 на вечерта.

Дончиќ направи асистенција вредна цепелин, ама со нога

Како увертира на мечот меѓу Далас и Минесота на кој Лука Дончиќ постигна 39 поени, 6 скокови и 13 асистенции. Уште ова чудо го немавме видено.

Најлудите 48 часа во НБА, кога Родман скокнал до Лас Вегас

И тоа пазете, се случува за време на финалето против Јута Џез кога будалата му барал два дена одмор на Фил Џексон. И тоа е само една од многуте лудости на најневеројатниот лик што некогаш го украсил паркетот на НБА. Потоа на терен играл како ништо да не било.

Овации за големиот Ласо кој се расплака во Мадрид

Педесет и шест годишниот Пабло Ласо е голема клупска легенда на Реал Мадрид. На „кралскиот клуб“ овој тренер му донесе 6 шампионски титули, 6 Кралски Купа, 6 шпански Суперкупа, 2 пехари во Евролига. Во летото 2022-ра година Ласо доживеал непријатности и здравствени проблеми со срцето поради што управата на клубот не сакала да ризикува со тоа и не му го продолжија договорот. Ласо изрази спремност да продолжи да го води Реал но луѓето од врвот не беа спремни.

Антетокумпо го одигра мечот на кариерата со 64 поени

За прв пат по 1988-ма со Мајкл Џордан, некој постигнува минимум 40 поени на 10 натпревари против ист противник. Јанис има во просек по 40,5 на последните 10 меча против Индијана Пејсерс.

Судии се дофатија на кошаркарски натпревар

На кошаркарски натпревар меѓу младинските тимови на Чери Крик и Леџенд Блу во Колорадо, тројца судии на натпреварот во еден момент се степале и се удирале додека присутните на теренот не ги раздвоиле. Надлежните власти отвориле истрага за овој случај.