Јанис го разби Денвер па го закачна и судијата со пешкир

Милвоки Бакс ја забележа и 35-та победа во сезоната и со 17 порази е на високото трето место во источната конференција во НБА. Шампионот од 2021-ва синоќа го совлада Денвер на Никола Јокиќ со 112-95, а Јанис Антетокумбо имаше луд меч со 36 поени, 18 скока (најмногу сезонава), 5 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади. Покрај него голем удел остварија уште и Дамијан Лилард со 18 поени и Боби Портис Џр со 13 поени. Кај Нагетс Јокиќ блескаше со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции но немаше баш никаква поддршка од соиграчите.

Треба да се напомене и дека шампионот Денвер уште по првиот дел играше без Џамал Мареј и Кентавиус Колдвел-Поп кои поради повреда го напуштија паркетот и не се враќаа до крајот од мечот.

Со новиот тренер Док Риверс Милвоки Бакс има учинок од 3 победи и 5 порази. Антетокумбо одигра луда партија со нов дабл-дабл учинок:

Јанис во еден момент со пешкир го закачна судијата кој зачудено го гледаше:

Лука „трипл-дабл“ Дончиќ

13 февруари 2024 - 11:12