Лука Дончиќ беше грубо чуван и фаулиран постојано од противничките играчи, а во еден момент го изгребаа на брадата па му протече крв а во третата четвртина мораше да биде и сошиен од клупските доктори. Лука не се предаде, се врати во игра на осум минути пред крајот од мечот и беше најзаслужен за новата победа.
Во голема борба и резултатска неизвесност, гостите од Вашингтон имаа предност до средината на последната четвртина кога Дончиќ реши да ја земе работата во свои раце и на пет минути пред крај направи целосен пресврт од 99:98 на 112:104.
Дончиќ голема поддршка имаше од Кајри Ирвинг со кого стануваат се подобар тандем. Кајри уфрли 26 поени со 7 скока и 4 асистенции.