Големите ривали во Турција и во Евролига, Фенербахче и Ефес Пилсен, гиганти од Истанбул, деновиве играат во полуфинале на турскиот плејоф. Фенер го доби првиот меч убедливо со 108-66, а на вториот дуел исто во салата на Фенербахче, Ефес Пилсен израмни на 1-1 со кош постигнат во последни секунди после ерупција во салата.