Одмазда на Лејкерс, Дончиќ ја скроти Минесота за 1-1

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејекрс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 94:85 во вториот дуел од серијата во разигрувањето за титулата и израмнија на 1-1.

Epa Images
Epa Images
Фото: Epa Images

Лука Дончиќ блескаше со 31 поен, имаше 12 скока и подели 9 асистенции. Ги погоди сите 11 од 11 слободни фрлања. Леброн Џејмс, пак, постигна 21 поен со одлични 11 скока и 7 асистенции, а во триумфот белег оставија и Остин Ривс со 16 поени и Руи Хачимура со 11 поени.

Кај „волците“ Џулиус Рандл уфрли 27 поени а Ентони Едвардс додаде 25 поени со 6 скока. 

По поразот на првиот дуел во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, Лејкерс мораше да реагира и да спречи нова победа на Минесота која така ќе беше на праг од пласман понатаму а „езерџиите“ ќе мораа рано да пакуваат куфери.

Навивачите на Лејкерс особено ги радува добрата игра во одбраната која ги скрати сите останати освен Рендл и Едвардс на само 33 поени. Високиот француски центар Руди Гобер брзо влезе во проблем со лични грешки па Лука Дончиќ лесно можеше да продира во одбраната на Минесота Тимбервулвс.

Воглавно и двата тренери, Редик од Лејкерс и Финч на Минесота беа лути и бесни на своите пулени затоа што секој играч на теренот шутираше далеку под своите очекувања. Лука Дончиќ иако беше играч на мечот тој погоди само 9 од 21 обид од игра. Лејкерс шутираше 34/75 од игра а Минесота мизерни 30/79 што е катастрофален учинок за шут од игра.

Серијата сега се сели во Минесота која ќе биде домаќин на следните дца натпревари во „Таргет Центар“.

23 април 2025 - 08:27