
Лос Анџелес Лејкерс пропуштија голема шанса да израмнат на 2-2 и да ја внесат серијата во пеколно неизвесен финиш.
Во последната четвртина влегоа со предност од 10 поени, а во завршните секунди испуштија напад за пресврт и победа.
Домаќините тоа го искористија, Ентони Едвардс реализираше две слободни фрлања и со тоа ги постигна конечните 116:113.
Натпреварот го заврши со 43 поени, 9 скока и 6 асистенции, а Рендл додаде 25.
Залудни 38 поени на Дончиќ и 27 на Леброн Џејмс.
Петтиот натпревар се игра во Лос Анџелес.
ANT POWERS THE WOLVES TO A 3-1 SERIES LEAD OVER THE LAKERS 🐜
— NBA (@NBA) April 27, 2025
🔥 43 PTS (16 in 4Q)
🔥 9 REB
🔥 6 AST
🔥 5 3PM
MIN/LAL: Game 5 on Wednesday at 10:00pm/et on TNT pic.twitter.com/eq9soUKUFs