Газдата на ПАО бесен како рис, пцуеше сè по список

Педесет и едно годишниот Димитрис Јанакопулос, еден од најбогатите Грци на денешницата, важи за најексцентричен претседател на спортски клуб во Европа. Газдата на атински Панатинаикос кој е актуелен европски шампион утрово додека вежбал на степ-трака, во серија објави на Инстаграм а незадоволен од синоќешното судење на мечот кој ПАО го изгуби од Анадолу Ефес пцуе сè по список:

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Јанакопулос бесно ги пцуе судиите Јавор, Пукл, Николиќ, Радовиќ, Белошевиќ:

Потоа пак збеснува и му поставува прашање на Реал Мадрид кој е тагнат во објавата: „Зар и вие најтрофеен европски клуб со таква историја, со толку многу европски титули ќе дозволите да ве е**т ?!(мислејќи на Евролига)“.

Јанакополус во десетина сторија на Инстаграм пцуе по Евролига и се заканува дека наскоро би можел да го префрли неговиот тим во Еврокупот на ФИБА или во НБА.

„Сакате мој потпис за следните 10 години?! Еве ви го мојот потпис!“:

Го фати и Дејан Бодирога, претседателот на Евролига:

Во последното видео тој најавува дека „денешниот ден ќе биде голем ден за некои работи“. Останува да се види за што.

Панатинаикос синоќа изгуби на домашен терен 76:79 и по триумфот на првиот меч сега во серијата против Ефес е 1:1. Следните два натпревари ќе се играат во Истанбул каде Ефес ќе биде домаќин.

25 април 2025 - 12:16