Џејмс Харден ги разби Јокиќ и Денвер Нагетс, серијата е 3:3

Во некоја друга фаза од сезоната, во основниот дел например, Денвер Нагетс би се поиграл со Лос Анџелес Клиперс кој го победуваа редовно и дома и гости. Но во разигрувањето за титулата ситуацијата е сосема поинаква: ЛА Клиперс синоќа го совлада Денвер 111:105 и израмни на 3:3!

Epa Images
Epa Images
Фото: Epa Images

Никола Јокиќ постигна 25 поени (15 даде само во втората четвртина) но во вториот дел го немаше никаде на теренот (три поени во трета четвртина и два поени во четврта четвртина). Џамал Мареј постигна 21 поен и имаше по 8 скока и асистенции, недоволно за расположените Клиперси.  Арон Гордон беше трет најефикасен кај Денвер Нагетс со 19 поени и 5 скока а Кристијан Браун додаде 14.

Кај тимот од Лос Анџелес доминираше Џејмс Харден со 28 поени, 6 скока и 8 асистенции но 2 украдени топки а Кавај Ленард постигна 27 поени. Сјајна партија пружи и Норман Пауел со 24 поени, а Ивица Зубац изброи 10 поени и 6 скока. Сега решавачката седма средба број 7, мајсторката се игра во „Бол Арена“ во Денвер.

 

2 мај 2025 - 09:39