По двете последователни победи, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаа триумфално да ја завршат 2013 година. Пречката за македонскиот шампион во регионалната лига беше Унион Олимпија кој возврати за поразот во „Борис Трајковски" со 73:62.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од пет порази во серија на гостински терен со победа во Кливленд со поени во последната секунда од второто продолжение.
Дуото на Мајами, Леброн Џејмс и Двејн Вејд како подарок за Божиќ не почастија со по некое атрактивно забивање на гостувањето против Лејкерси и тоа не еднаш.
Добра блокада на кошаркарски натпревар е подобар момент и од забивање. Сите обожаваат добра „банана" (освен оние кои биле изблокирани). Ова се најдобрите блокади во НБА лигата за изминатата година.
Освен добрите натпревари, најквалитетното кошаркарско натпреварување секогаш нуди и добра забава. Ова се најинтересните моменти од НБА лигата во 2013-та година.
По големата победа против Црвена Звезда, македонскиот шампион влезе мотивиран на дуелот во Крагувеац каде тотално доминираше и заслужено славеше против кошаркарите на Раднички со 69:79.
Леброн Џејмс му посака топло добредојде во НБА лигата на дебитантот Бен Меклемор со ова сурово забивање за веќе да не му падне на памет да му застане на патот.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.
Џими Батлер од Чикаго Булс шутираше слободно фрлање во прилично мирна атмосфера, но од публиката доволно беше да го деконцентрира само една будала за да го промаши. На крајот барем доби честитки за Божиќ.
Марио Чалмерс секогаш е мета на неговите соиграчи при напнати ситуации, но овој пат тој се извлече за влакно. Соиграчите во последен момент го задржаа Леброн Џејмс за време на натпреварот против Индијана кој Мајами го доби со 97:94.
Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.
Андре Игудала го одигра првиот натпревар за Голден Стејт по повредата од минатиот месец и за малку ќе го направеше најдоброто забивање на сезоната, но Џејсон Смит му го попречи патот до кошот.
Мислевме дека ова е најефикасниот автокош, но овој поен со одбиена топка од не еден, туку двајца противнички кошаркари, дефинитивно е кандидат за најдобар автокош на годината.
Атланта Хокс ги праша своите кошаркари кој е главниот град на Македонија. Како што и се очекуваше од луѓе кои не знаат ни кој е главниот град на САД, никој немаше слушнато за Скопје, освен Лу Вилијамс (очигледно со препишување).
Лејкерси го забележаа и четвртиот пораз по пет одиграни натпревари од враќањето на Коби Брајант. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Атланта Хокс.
Поранешниот капитен на италијанската кошаркарска репрезентација, Стефано Манчинели му ја донесе победата на Торионо со тројка од скоро пола терен со звукот на сирената.