Фати му топка ако можеш

Запознајте го Тако Фол, највисокиот средношколски кошаркар во САД. Дечкото е висок 225 сантиметри и веќе го привлекува вниманието на НБА екипите.

Тако Фол мигрирал во САД со неговото семејство од Сенегал, а неговиот талент го приметил поранешниот член на Орландо Меџик, Пет Бурк кој е негов приватен тренер.

Фол е за 4 сантиметри повисок од Хашим Табит, членот на Оклахома и моментално највисок кошаркар во НБА. Како тргнал, најверојатно ќе ги престигне и Георге Мурешан и Мануте Бол кои со 231 сантиметар се највисоки кошаркари во историјата на НБА.

11 април 2014 - 10:22