Кошарка

Металците во одбрана на титулата во Купот

Со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Струмица, денеска со почеток во 18 часот стартува 21 издание на Македонскиот кошаркарски Куп. Дербито помеѓу Работнички и Фени Индустри е вториот четвртфинален дуел кој ќе стартува во 20:45 часот.

Медисон Сквер Гарден му честиташе 40 роденден на Џејсон Кид

Плејмејкерот на Њујорк Никс кој е познат како мајстор за атрактивни асистенции, на синоќешната победа на Никси против неговиот поранешен клуб Феникс Санс од 110:84 го прослави својот јубилеен роденден.

Крај со победа за МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа ја завршија дебитантската сезона во АБА лигата. Македонскиот кошаркарски шампион славеше на гостувањето кај Крка, но сепак не успеа да обезбеди пласман во Еврокупот.

Банана од обрач

Пред неколку недели пишувавме за Бенан и неговото забивање и еве го пак кај нас на сајт, но овој пат кошаркарот на Луивил се посрамоти.

Врати се Леброн!

Навивач на Кливленд Кавалирс влезе на терен и го прекина натпреварот протв Мајами Хит со молба до Леброн Џејмс да се врати во нивниот тим.

Пораз заради тренерот-крадец

Тренерот на францускиот кошаркарски клуб Руен е најзаслужен за поразот на неговата екипа од Булоњ. При резултат 84:84 во последните секунди од натпреварот, тренерот Лорен Скиара се обиде да му ја украде топката на противничкиот кошаркар и заработи техничка грешка.

Поранешна НБА ѕвезда работи на пешачки

Членот на НБА куќата на славните и еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, Едриан Дентли си најде нова работа. Тој сега работи како офицер за безбедно поминување на пешачки премин во близина на училиште.

Леброн го уништи Тери

Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс и веќе 23 натпревари не знаат за пораз, а потегот на вечерта му припадна на Леброн Џејмс и неговото монструозно забивање преку Џејсон Тери. За реакцијата по цепелинот Леброн доби и техничка, но вредеше!

Празник за очи на Грифин

Најатрактивниот момент на синоќешните напревари од НБА лигата без конкуренција е ремек делото на кошаркарот на Клиперси, Блејк Грифин на мечот против Њујорк Никс.

МЗТ го доби спектаклот против Партизан

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија во 25-то коло од АБА лигата го совлада најтрофејниот српски клуб. МЗТ Скопје во неизвесна завршница триумфираше против Партизан во спектаклот пред 7.000 гледачи со 66:64.

Без петки во школо нема играње баскет

Кошаркарскиот клуб Сава од Белград ги откажа сите натпревари од наредното коло во кадетскиот и јуниорскиот тим, затоа што сметаат дека училишниот успех на крајот од годината е многу поважен од спортските активности на децата.

Антиќ победи во Сиена, Мекејлеб повторно загуби

Во 11-то коло од Топ 16 фазата на најелитното европско кошаркарско клупско натпреварување, Олимпијакос со пресврт триумфираше во Сиена, а Фенербахче забележа уште еден пораз.

Вака се заработува доживотна суспензија

Поранешниот член на Њујорк Никс и Денвер Нагетс, Реналдо Балкман заработи доживотна суспензија од филипинската кошарка откако на еден натпревар во локалната лига целосно здиве и по расправијата со судиите и својот тренер, фати за гуша еден свој соиграч.

Цепелин на годината

Екипата на ЛА Клиперс е позната како "Lob City" заради тоа што често прават цепелини, а на натпреварот против Детроит Пистонс го изведоа еден од најдобрите на сите времиња. Ништо не можеше да го сопре Деандре Џордан, а Брендон Најт се најде на погрешно место во погрешно време.

Раштиманиот МЗТ загуби од фенерџијата

Во декември МЗТ во Скопје прослави рекордна победа над унгарскиот претставник, но овој пат „фенерџијата" му се реваншираше на македонскиот шампион чија игра не доликуваше за екипа со аспирации за пласман во Еврокупот.

Нов начин на радост во НБА

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Џавал Мекги одлично го блокираше атрактивниот обид за кош на Мет Барнес, но неговата рампа сакаше да остане запаметена и со автограм на баскетот.

Порази за Антиќ и Мекејлеб во Евролигата

Македонските претставници во кошаркарската Евролига, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб претрпеа порази во 10-то коло од Топ 16 фазата.

Ким Јонг Ун го барал Џордан, но го доби Родман

Минатата недела целиот свет се изненади со фотографиите од најконтроверзниот лидер и најексцентричниот кошаркар на планетата како се дружат како најдобри другари, но Родман бил втор избор на Ким Јонг Ун. Севернокореецот најпрвин барал дружба со Мајкл Џордан.

Евролига ги прифаќа условите на АБА лигата

Долго време се шпекулира и се сменија неколку верзии кои ги пласираа двете страни, но според српските медиуми, Евролигата ги прифаќа критериумите за пласман од АБА лигата, но само за клубови кои ги исполнуваат условите на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Најлудата завршница на кошаркарски натпревар

Сме се изнагледале инфарктни завршници на кошаркарски натпревари решени со поени во последна секунда, но ништо не може да се спореди со ова. Во последни 2 секунди од средношколски натпревар во САД, едните изведуваат, другите крадат, првите си ја земаат назад топката и шутираат и на крајот двете екипи слават.

Чековски и Гечевски го растурија Задар

По поразите од Унион Олимпија и Игокеа, кошаркарите на МЗТ ги израдуваа своите навивачи во СЦ Борис Трајковски, совладувајќи го Задар со 94:69 по маестралната партија на Чековски и Гечевски.

Кандидат за забивање на годината

Не пишуваме многу често за американска колеџ кошарка, што значи дека ако сме објавиле тогаш мора да е нешто извонредно. Во овој случај тоа е монструозното „колено во фаца" забивање на Чејн Бенан од Луивил.

Мекејлеб загуби во Сиена, Антиќ славеше во Истанбул

Во 9-то коло од кошаркарската Евролига, Перо Антиќ со актуелниот европски шампион Олимпијакос ја забележа петтата победа во серија, а Мекејлеб загуби на гостувањето кај својот поранешен клуб.

Кога ќе се збуни коментаторот

Ситуацијата освен коментаторот ќе ве збуни и вас. При водство на Вашингтон од 96:95 против Детроит, домаќините имаат последен напад за победа. Шутот за три поени во последната секунда на прв поглед личи на полн погодок, по кој коментаторот бајаги се возбуди.