Искусниот Џејсон Кид кој е еден од великаните во НБА лигата и кој настапуваше во Далас Маверикс, Њу Џерси и Феникс Санс беше изненаден во салата Медисон Сквер Гарден откако сите навивачи му го честитаа роденденот, но најхрабар беше неговиот клупски колега Крис Копланд кој се фати за микрофонот.
Кид својата професионална кариера ја почна во 1994 година, а освои само една шампионска титула со тимот на Далас во 2011 година. На Ол стар натпреварите има 10 учества, а 5 пати беше дел од најдобрата петорка во сезоната.
Со американската репрезентација има освоено два златни олимписки медали во 2000 година во Сиднеј и 2008 во Пекинг. Џејсон Кид е единствениот кошаркар кој успеал да оствари над 700 асистенции во 7 сезони, а легендарните Меџик Џонсон и Оскар Робертсон имаат по шест.