Екипата на ЛА Клиперс е позната како "Lob City" заради тоа што често прават цепелини, а на натпреварот против Детроит Пистонс го изведоа еден од најдобрите на сите времиња. Ништо не можеше да го сопре Деандре Џордан, а Брендон Најт се најде на погрешно место во погрешно време.