Евролига ги прифаќа условите на АБА лигата

Долго време се шпекулира и се сменија неколку верзии кои ги пласираа двете страни, но според српските медиуми, Евролигата ги прифаќа критериумите за пласман од АБА лигата, но само за клубови кои ги исполнуваат условите на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Според Мондо, денес Евролигата со официјално соопштение треба да ги разреши дилемите и ќе разјасни по кои критериуми екипи од АБА лигата ќе можат да изборат пласман во Евролигата.

Евролигата најверојатно ги прифаќа условите на АБА, што значи дека шанса за пласман во Евролигата ќе има првопласираната екипа на крајот од лигашкиот дел од сезоната, победникот на Фајнал Фор турнирот, а уште една екипа која најверојатно ќе биде финалистот, ќе игра во квалификациите.

Сепак, Б лиценцата за настап во Евролигата ќе ја добијат само екипите кои ги исполнуваат строгите критериуми на Евролигата.

Тоа значи дека моменталниот лидер и треропласираната екипа, Игокеа и Раднички нема да можат да играат во Евролигата затоа што немаат сали кои примаат над 5.000 гледачи и немаат аеродром во близина од 100 километри.

На три кола пред крајот на лигашкиот дел, МЗТ Скопје се наоѓа на 8-та позиција со 35 поени, 2 помалку од 4-то пласираниот Будуќност. Во следното коло МЗТ му гостува на фенерџијата Солнок, потоа го пречекува Партизан и на крајот ќе и гостува на Крка.

5 март 2013 - 08:36