Кошарка

Топ 10 блокади во Евролигата

Иако не се работи за најквалитетната кошаркарска лига во светот, има што да се види и во ова видео. Првото место им припадна на колегите на Перо Антиќ кои двајца му рипнаа на противничкиот играч.

Бројки кои го прават Леброн Џејмс “Крал“ на кошаркарата

Статистичарите на шестиот финален натпревар открија дека Леброн Џејмс играл подобро без својот препознатлив стегач и го поправил учинокот. Со или без не е важно, тој секако ја оствари неговата најуспешна сезона во НБА лигата. Еве зошто.

Тактиката на Мајами ќе биде забранета

Кошаркарите на Мајами Хит ја прославија својата трета шампионска титула во НБА лигата и тоа е веќе завршена работа, но камерите уловија, а аналитичарите ја анализираат нивната игра во нападот и забележаа нешто необично.

Мајами Хит повторно на тронот

Актуелниот шампион во НБА лигата го одбрани трофејот во мајсторката против Сан Антонио и со 95:88 стигна до третата титула во својата историја. Најдобриот кошаркар во светот си го потврди статусот со сјајна партија, а сосема заслужено беше прогласен за МВП играч.

Леброн Џејмс е попрецизен без стегач

За тоа постои и статистички доказ од синоќешниот шести натпревар во финалната серија од НБА лигата во кој најдобриот кошаркар на светот блесна со трипл дабл учинок и се избори за мајсторска.

Каде брзате црепови?

Кога Македонија губи од Андора и ги потценува аматерите ќе разбереме, но вчерашната реакција на дел од навивачите на Мајами Хит кои немаа 20 поени негатива на 2 минути до крајот, туку само 5 коша помалку од Спарси на 30 секунди до финишот не е никако за оправдување. Момците се изборија за мајсторка, а на некои изгледа му беше поважен Мекдоналдс.

Тактиката на Грег Попович за мајсторката

Стратегот на Спарси има право да биде нервозен затоа што на 25 секунди до крајот од шестиот меч против Мајами, неговиот тим имаше предност од 5 коша разлика и титула во раце. На новинарско прашање како неговите избраници ќе влезат на седмиот меч, еве како одговори.

Мајами во трилер меч се избори за мајсторка

Спектакуларната финална серија во НБА лигата ќе го добие својот крај на седмиот натпревар во кој ќе го добиеме името на новиот шампион. Кошаркарите на Мајами Хит предводени од фантастичните Леброн Џејмс и Реј Ален по продолженијата славеа со 103:100 и стигнаа до седми решавачки меч.

Автокош

Европското кошаркарско првенство за жени кое пред два дена започна во Франција веднаш ни донесе клипче за објавување. Украинската кошаркарка Алешкина сосема случајно стрелаше во погрешен кош.

Спарси на чекор до титулата

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс предводени од одличниот Емануел Џинобили триумфираа против бранителот на титулата со 114:104 и со 3:2 патуваат на гостински терен каде ќе се обидат ушта на шеститот натпревар да стигнат до тронот.

Забивање на денот

Големото НБА финале е во тек, но забивањето на денот не ни доаѓа од најквалитетната кошаркарска лига, туку од средношколски натпревар. Дечкото се вика Карли Клемонс и е висок 185, а забива преку двајца од по 204 сантиметри.

Џејмс, Вејд и Бош го сотреа Сан Антонио

Мајами Хит предводени од „големото трио" - Џејмс, Вејд и Бош кои сами постигнаа 85 поени, славеа со 93:109 во Тексас и израмнија на 2:2 во големото финале на НБА лигата.

Колку се големи НБА ѕвездите

Кога гледаме натпревар на ТВ, кошаркарите еден покрај друг не ни изгледаат многу високи, но кога ќе ги видиме покрај нормални луѓе, тогаш тие се стварно големи.

Спарси со тројки го разбија Мајами

Сан Антонио Спарс поведоа со 2:1 во финалната серија во НБА лигата откако го победија Мајами со 36 разлика (113:77) благодарение на рекордните 16 тројки.

Леброн продолжува да дели банани

Исто како и на 4-от натпревар од финалето на Истокот против Индијана, Леброн Џејмс повтоно ни покажа еден школски пример за тоа како треба да изгледа една добра кошаркарска блокада. Овој пат негова жртва беше Тијаго Сплитер.

Мајами го растури Сан Антонио

Актуелниот шампион прослави голема победа и се врати во игра пред преселувањето на финалната серија во Сан Антонио. Мајами го победи Сан Антонио со 103:84 и израмни на 1:1 во големото финале од НБА лигата.

20 години без Дражен Петровиќ

На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.

Рамос се изгуби во НБА

Репрезентативците на Шпанија во моментов се наоѓаат во Мајами каде во сабота ќе одиграат пријателски натпревар против Хаити, па ја искористија шансата и присуствуваа на првиот финален натпревар од НБА лигата, но Серхио Рамос не знаеше кој игра.

Спарси го изненадија шампионот на стартот

Екипата на Сан Антонио Спарс го доби првиот натпревар од големото финале за титулата во НБА лигата, славејќи во Мајами со 88:92.

Мајами фаворит за одбрана на титулата

Стартуваат натпреварите од големото финале на 67-то издание на најквалитетното светско кошаркарско натпреварување, а кладилниците предвидуваат дека Сан Антонио Спарс нема да успеат да му го украдат трофејот на актуелниот шампион.

Започнува големото финале!

Вечерва започнува големото финале на НБА лигата, а аниматорите на ESPN ја подгреваат атмосферата со оваа анимација со незаборавните моменти од изминатите финални серии.

Пипан го напушти МЗТ

Словенецот Алеш Пипан повеќе не е тренер на МЗТ Скопје. Тој се враќа во родната земја и следната сезона ќе го предводи тимот на Унион Олимпија.

Индијана немаше лек за Леброн

Мајами Хит предводени од Леброн Џејмс ги победија Индијана Пејсерс со 23 разлика (99:76) во седмиот натпревар од финалето на Истокот и се пласираше во големото финале од НБА лигата каде ќе се сретне со Сан Антонио Спарс.

Четири причини за мизерниот учинок на Двејн Вејд

Во шестата пресметка од финалето на Источната конференција кошаркарите на Индијана се изборија за мајсторка против Мајами Хит. Актуелниот шампион имаше катастрофални 36% шут од поле, но еден од клучните фактори за променливата нивна игра е падот на формата на Вејд.