Леброн Џејмс конечно се покажа во своето вистинско МВП светло и поддржан од Двејнд Вејд и Крис Бош, го возвратија ударот на теренот на Сан Антонио.
Леброн постигна 33 поени, а имаше 11 скокови, Вејд 32 поени и 6 украдени топки, а Бош реализираше 20 поени и 13 скокови.
Натпреварот беше израмнет во првото полувреме кога екипите на пауза заминаа со 49:49, но во вториот дел иницијативата на теренот ја презедоа гостите и на крајот славеа со 93:109.
Најефикасен кај Спарси беше Тим Данкан со 20 поени, а Тони Паркер постигна 15.
Со оваа победа Мајами си обезбеди уште еден натпревар на домашен терен, а следниот дуел повторно се игра во Сан Антонио ноќта помеѓу недела и понеделник.
Бананата на Леброн над Данкан:
Фолирањето на Бош: