Спарси на чекор до титулата

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс предводени од одличниот Емануел Џинобили триумфираа против бранителот на титулата со 114:104 и со 3:2 патуваат на гостински терен каде ќе се обидат ушта на шеститот натпревар да стигнат до тронот.

Аргентинскиот ветеран "во сенка" беше клучен играч на петтиот финален натпревар во најквалитетна кошаркарска лига во светот. Еминауел Џинобили кој во финалната серија имаше скромен учинок од 7,5 поени по натпревар, блесна на синоќешниот меч со 24 поени и 10 асистенции.

Домаќините го најавија триумфот уште на стартот од првата четвртина во која поведоа со 32:19, а со предност од 8 коша разлика водеа и по првото полувреме.

Голем придонес во победата имаа и стартерите Тони Паркер со 26 поени и 5 асистенции, Тим Данкан оствари даб дабл учинок со 17 поени и 12 скока, а Дени Грин беше стрелец на 24 коша.

Триото Вејд, Џејмс и Бош за разлика од фантастичните 85 поени на минатиот меч овој пат постигнаа заедно 67 коша но не успеаа да ги спасат Спарси од пораз. Двејн Вејт имаше 25 поени, 10 асистенции и 4 скокови, а Леброн Џејмс 25 поени, 8 асистенции и 6 скока.

Шеститот, а по потреба и седмиот меч се играат на теренот на Мајами, а следната битка е закажана на 18 јуни.

17 јуни 2013 - 09:00