Кошарка

Атланта ја продолжи серијата победи

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Торонто по дополнителни пет минути и ја продолжија серијата од пет победи. Перо Антиќ учествуваше со осум поени.

Лудачки кош со една рака

На школски натпревар во САД со звукот на сирената на крајот од првото полувреме, падна ретко виден кош со една рака и тоа од едниот до другиот крај на паркетот.

Дабл-дабл на Антиќ за четврта победа по ред на Атланта

Уште едно солидно издание на Перо Антиќ за четврта победа во серија на Атланта Хокс. Со „дабл дабл" учинок на Антиќ, Атланта ја победи екипата на Шарлот со 97:93.

Четири тројки за 30 секунди

Лојд Стрикленд кој настапува во канадската колеџ лига за малку не направи чудо. Тој се збрлаве во последните мигови од средбата кога почна сите да ги дрибла и да погодува тројки од кај ќе стигне. И покрај лудата серија, неговиот тим загуби со поен разлика.

Перо си поигруваше со Денвер

Перо Антиќ одигра уште еден одличен натпревар и постигна 16 поени при победата на Атланта над Денвер, а од ова негово издание се издвојуваат два моменти.

Атланта реди победи по враќањето на Антиќ

По уште едно одлично издание на Перо Антиќ, кошаркарите на Атланта Хокс ја победија екипата на Денвер Нагетс и го забележаа третиот триумф во серија.

„Штрковите“ ја добија првата меч топка за Еврокупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на првата од последните три пресметки во регионалната АБА лига во која го бркаат шестото место на табелата кое носи излез во Европа. Тимот од Аеродром беше подобар од босански Широки со 82:71.

Кош од невозможно одбивање

Сме се изнагледале кошеви во последна секунда преку цел терен, но до сега немавме видено вакво неверојатно поентирање со одбивање од табла.

Нова победа на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс на домашен терен ја совладаа екипата на Милвоки Бакс и по подолго време врзаа две победи во серија.

Падобранец под кош

Блејк Грифин немаше абер за да се вклучи во акцијата на своите соиграчи кои не успеаа со три поени да го завршат нападот. Но кога требаше тој никна како печурка.

Седењето на клупа може да биде интересно

Резервите обично се досадуваат на клупата, но кошаркарите на еден американски колеџ покажаа дека некогаш таму може да биде поинтересно и од случувањата на теренот.

Атланта конечно победи, Антиќ повторно двоцифрен

Кошаркарите на Атланта Хокс ставија крај на црната серија. По шест порази во низа на шестото врзано гостување Атланта славеше кај Јута, а Перо Антиќ повторно одигра значајна улога со двоцифрен учинок.

И жените знаат да тепаат

Американката Шанел Харисон која игра во кошаркарската лига на Финска, докажа дека и жените знаат да нокаутираат, но и покажа како се заработува отказ. Таа беше отпуштена од нејзиниот клуб Тапиолан Хонка веднаш по натпреварот.

Патиките во НБА

Најк доминира во НБА лигата. Дури 284 од 442 играчи носат нивни патики, а ако се додадат и Џорданките кои се исто така на Најк, тогаш дури 72% од кошаркарите го носат овој бренд. 79 од нив го носат моделот Nike Hyperdunk, а во лигата се застапени 14 различни брендови.

Тесен пораз за МЗТ Скопје во Загреб

Во голема и исцрпувачка битка, македонскиот кошаркарски шампион загуби на тешкото гостување од Цибона со 93:90 дури во продолжението од мечот во 23 коло од регионалната АБА лига

Одлична партија на Антиќ како стартер

За прв пат по паузата заради повреда, Перо Антиќ се најде во стартната петорка и одигра одлична партија за Атланта Хокс, но неговиот тим во трилер завршница го забележа шестиот пораз во серија.

Уште една десетка за Антиќ

И на вториот натпревар по враќањето од повредата, Перо Антиќ постигна десет поени, но Атланта Хокс и од гостувањето кај Голден Стејт Вориорс се враќа со празни раце.

Најтежок пораз во историјата на Лејкерси

Клиперси не само што докажаа дека во овој момент владеат во Лос Анџелес, туку и ги понижија Лејкерси со победа од 48 разлика со што на комшиите им го нанесоа најтешкиот пораз во историјата.

Антиќ се врати со двоцифрен учинок

По паузата заради фрактурата на скочниот зглоб, Перо Антиќ се врати на терените и тоа со двоцифрен учинок при поразот на Атланта на гостувањето кај Портланд.

Јуначки пресврт на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион го доби најважниот меч на сезоната кој може да биде клучен за пласман во Еврокупот. На гостински терен против Игокеа, тимот од Аеродром со голем пресврт во последната четвртина славеше убедливо со 65:79.

Забивање преку четворица

Поранешниот кошаркар на Сакраменто Кингс, Тајлер Ханикат со овој потег на Израелскиот натпревар во забивање можеше да победи и на овогодинешниот просечен натпревар во забивање на НБА лигата.

Статистиката на Мајами

Мајами Хит има неверојатна статистика откако во тимот пристигна Леброн Џејмс во изминатите четири сезони по првите 53 одиграни натпревари.

Зоран Предин премиерно во Офсајд

Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.

Кога кошарката руши бариери

Екипата на Филаделфија Севентисиксерс потпиша договор до средношколец со Даунов синдром.