Атланта Хокс го израмни својот рекорд од три победи во низа. По црната серија со шест порази, со враќањето на Перо Антиќ Атланта забележа победи на Јута, Милвоки, а денес и против Денвер Нагетс.
Домаќините водеа со 16 разлика на полувремето, но кошаркарите на Денвер успеаа да се вратат во вториот период, а во последната минути имаа и водство од 91:92.
Но Перо Антиќ успеа да постигна тројка со една нога од многу тешка позиција на 41 секунда до крајот за нов пресврт и победа на Атланта со конечни 97:92.
Антиќ одигра 24 минути за кои постигна 16 поени (1/2 за 1п, 3/4 за 2п и 3/8 за 3п), а оствари и 2 асистенции и по 1 скок и украдена топка.
Со 27 победи и 35 порази, Атланта се наоѓа на 8-та и последна позиција во источната конференција која води во НБА плеј-оф.