Кошарка

ТОП 10 потези од НБА пред-сезоната

Со натпреварите Атланта - Детроит, Чикаго - Кливленд и Голден Стејт - Њу Орлеанс, рано изутрина почнува новата сезона во НБА лигата. Меѓу главните фаворити за титулата според букмејкерите се Кливленд, Сан Антонио, Оклахома, ЛА Клиперс и Голден Стејт.

Замокот на Мајкл Џордан

Летечкиот Мајк се обидува да го продаде својот луксузен дом за 14,8 милиони долари. Еве што сè ќе добие новиот сопственик кој ќе се реши да го купи ова чудесно здание.

Како му оди на Антиќ во Турција

Иако неговиот Фенербахче неочекувано ги загуби последните два натпревари, еден во Евролига, еден во домашното првенство, Перо Антиќ игра сосема солидно и добива пристојна минутажа.

50 легенди, 50 кошеви

Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли, Џон Стоктон, Мајкл Џордан, Хаким Олајџивон, Карл Мелоун, Патрик Јуинг, Реџи Милер, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон, Шекил Онил, Пени Хардавеј, Крис Вебер, Грент Хил, Кевин Гарнет, Реј Ален, Ален Ајверсон, Стив Неш, Коби Брајант.... Доста ви е, пуштајте плеј, тој што го монтирал видеово собрал материјал од 1946-та до 2012-та, ама само од најдобрите.

Крка победи со кош од пола терен

Бекот на Крка, Мирко Мулалиќ со кош од половина терен и донесе триумф на својата екипа на гостувањето во Пионир против Партизан.

Кога ќе твитне Мишко, трансферот е готов

Ако сакате први да дознаете каде ќе игра Перо Антиќ, Војдан Стојановски, Јован Костовски или Предраг Самарџиски, следете го на Твитер Мишко Ражнатовиќ. Поранешниот адвокат на многу српски мафијаши прави дар мар со трансферите во Европа.

Миротворец во соблекувална, силеџија на терен, актер во Холивуд

Во кариерата на Рик Фокс се впишани 930 меча во НБА лигата, 3 прстени со Лејкерси и актерска кариера. Во Бостон на тренинг го чувал Лери Бирд, а во Лејкерси бил жртва на терен за да не се повредуваат Шек и Коби, за кои вели дека ако не се карале толку ќе освоеле повеќе титули.

Аеродромци се радуваа на првата гостинска победа

После шест одиграни кола, МЗТ Скопје има половичен учинок од три порази и три победи откако вечерва со 77:68 ја победи Сутјеска во Никшиќ.

Извлечен баражот за ЕП, БиХ против Република Ирска

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која се избори за третото место во квалификациската група и автоматски за баражот, ќе се обиде да се квалификува на Европското првенство во дуелите со Република Ирска која е редовен учесник на баражите.

Штрковите победија и без најверните

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија втората победа во 5. коло од АБА лигата, откако вечерва ја совладаа Игокеа 75:70 и со учинок 2-3 ќе патуваат во Никшиќ за прва гостинска победа сезонава.

Здружение на станари МЗТ Скопје

Таман кога помисливме дека најлесен начин да ги викнеш своите навивачи во сала е да им свирнеш пред зграда во маало, нè изненадија од управата на четирикратниот првак и седумкратниот освојувач на Купот на Македонија кои тргнаа по влезови.

МЗТ го загуби трилерот во Пионир против Партизан

Кошаркарите на МЗТ Скопје го имаа триумфот против Партизан во рака, но само осумте поени во последната четвртина не беа доволни за нови бодови на Јадранот.

Првиот шут на Коби Брајант сезонава

По долга 9 месечна пауза поради повреда, на паркетот се врати една од најголемите ѕвезди во НБА лигата. Осетот за шут малку и го подзагубил со оглед на неговата статистика од само 5 поени на претсезонскиот меч против Јута.

МЗТ победи во празна сала

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија првата победа во новата сезона од АБА лигата. Пред околу 300 симпатизери, Штрковите го совладаа Металац со 93-67 (19-16, 24-14, 22-21, 28-16).

Поранешен НБА играч ќе игра во Гевгелија

Еден од подобрите возрасни кошаркари на овие простори, Србинот Ратко Варда потпиша со Кожув, кој ќе биде неговиот 17. клуб во богатата кариера во која играше и во НБА.

Сезонска карта за КК Работнички од 500 денари

Најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава, во новата сезона влезе со млади сили и целосно ослободен од притисокот за трофеи.

Пораз на стартот за МЗТ во Љубљана

Со 13 загубени топки и очаен шут за два поени, кошаркарите на МЗТ Скопје не можеа да избегнат пораз на гостувањето кај Олимпија, 91:76. Во недела во Скопје го пречекуваат Металац.

Ставете очила за сонце, игра Мега

Со дуелот Унион Олимпија - МЗТ Скопје утре од 17:00 часот почнува новата сезона во Јадранската лига во која необични дресови ќе носи тимот на Мега Лекс за која игра Предраг Самарџиски.

Нова зезалица на маестралниот Поп

Легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Поповиќ е познат по кратките одговори на прашањата, посебно за време на прес конференциите затоа што не сака таков вид на комуникација. Овој пат си поигра со еден новинар, кој на крајот покажа знаци на нервоза.

Антиќ: Во Америка владее расизмот

Новиот член на Фенербахче вечерва во Задар со 11 поени учествуваше во победата на турскиот тим од 88:66 над Црвена звезда, а претходно пред хрватските новинари зборуваше за престојот во САД.

Шпанците беа допингувани како свињи

Селекторот на Франција, Венсан Коле се соочува со сериозни проблеми откако му бил хакнат Фејсбук профилот и објавени пораките од него.

Мајкл Џордан и Коби Брајант играат исто?

Темата за тоа кој е подобар за повеќето сладокусци на НБА е завршена работа веќе одамна, а тезата дека Коби го имитираше Џордан беше исто многу актуелна. Некој седнал на монтажа тоа и да го докаже.

Шпанија првак на Европа, Гасол држеше предавање

Кошаркарите на Шпанија ја декласираа Литванија во финалето на Евробаскетот 2015 и по трет пат се качија на кровот на Европа. Пау Гасол МВП на првенството.

Шпанија - Франција, ривалство без крај

Европското првенство во кошарка стигна до самата завршница. Во полуфиналето ќе играат Литванија - Србија и Франција - Шпанија, селекции кои имаат големи мегдани низ историјата.