Златен медал за САД, МВП признание за Леброн Џејмс

Селекцијата на САД ја оправда фаворитската улога во финалето и со триумфот над Франција од 98:87 стигна до петтиот златен олимписки медал во низа.

САД и Франција одиграа атрактивно олимписко финале кое почна со забивања уште во првата четвртина на Леброн Џејмс и Виктор Вембанјама.

Домаќините се бореа до крај и го дадоа максимумот за да ја израдуваат публиката, но Американците го диктираа мечот и беа постојано во водство.

На полувреме имаа предност од 49:41, а пред решавачките 10 минути имаа +6.

Најголемата неизвесност се случуваше кога Франција на 2 минути и 47 секунди стигна на -3. Тогаш на сцена стапи немилосрдниот Стефон Кари, кој одлепи тотално со четири тројки во четири напади по ред.

Постигна 12 поени за 2 минути и 12 секунди со кои ја отпиша Франција со вкупно 8 тројки, после оние 9 против Србија. Тоа се вкупно 17 тројки во полуфинале и финале.

Кари го заврши мечот со 24 поени, Букер и Дурент постигнаа по 15, а Леброн даде 14.

Најефикасен на натпреварот беше Вембанјама со 26 поени, а Јабуселе реализираше 20.

Наградата за МВП во Париз ја доби Леброн Џејмс.

 
11 август 2024 - 09:06