Клупски Патриот од Делчево загуби од Вардар со 19:81, малку чуден резултат за кој човек ќе помисли дека играле 5 на 2. Но во бројката на кошаркарките не лежи проблемот, туку во возраста на поразените.
Домашниот тим се истакна со крајно скандалозен, срамен и несфатлив список на кошаркарки. Во игра пуштиле девојче родено 2006-та година.
Замислете на 12 години ја пуштиле да настапи на официјален прволигашки натпревар од сениорска
конкуренција, а во спротивниот табор играла репрезентативката Славица Наков со 33 години. Што значи треба да чува кошаркарка три пати постара од нејзе. Па мајка може да и биде.
Лудоста е уште поголема што на списокот делчевскиот клуб пријавил уште шест кошаркарски на истата возраст, но и девојче со само 10 години, што е веројатно и рекорд кој не е воопшто за фалење.
Претседателот на Здравствената комисија на МКФ вели дека може да дојде до траума кај девојчето. Aко сакате уште вакви вести за Клупски Патриот тогаш клик тука.