Заврши првата рунда од доигрувањето за титула во НБА, кој оди понатаму?

Раното испаѓање на Никола Јокиќ и Денвер Нагетс и пласманот на ЛА Лејкерс без Дончиќ и делумно без Остин Ривс во следна рунда се главни настани во првата рунда од трката за титула во НБА лигата.

Кливленд Кавалирс и Детроит Пистонс се последните патници во следната рунда од НБА патот до шампионски трофеј.

Во мајсторките во своите серии кои отидоа до 7-ми натпревар Кливленд го совлада Торонто Репторс 114-102 а Детроит Пистонс направи голем подвиг откако губеше 1-3 во серијата за да на крај направи пресврт и со 4-3 оди понатаму.

Кливленд Кавалирс го урна Торонто благодарение на сјајна игра во трета четвртина која ја добија 38-19. На крајот славеа благодарение на Џерет Ален кој уфрли 22 поени со 19 скока а Барнс со 24 поени и Барет со 23 беа први стрелци кај Торонто Репторс на тренерот Дарко Рајаковиќ кој може да се пофали со феноменална сезона.

Детроит Пистонс го победи Орландо Меџик синоќа 116-94 и обезбеди следна фаза.

Сјајниот Паоло Банкеро уфрли 38 поени за Орландо Меџик но тоа не беше доволно за триумф. Детроит славеше носен на крилјата на Кејд Канингем кој имаше 32 поени со 12 скока и Харис кој уфрли 30 поени со 9 скока.

Интересно токму Детроит Пистонс и Кливленд Кавалирс ќе се судрат во полуфинале на Истокот каде вториот пар го сочинуваат Њујорк Никс и Филаделфија '76.

На западот ќе има мегдани меѓу Оклахома Сити Тандер и ЛА Лејкерс и меѓу Сан Антонио Спарс и Минесота Тимбервулвс.

4 мај 2026 - 09:22