Забивање на вечерта од првиот пик на драфтот

Милвоки Бакс го совлада Сан Антонио Спарс 125:121 во меч во кој Џанис Адетокумбо постигна 44 поени со 14 скока и 7 асистенции, а Дамјан Лилард додаде 25 поени со 4 скока и 10 асистенции. Сепак моментот на вечерта го украде младиот Французин Виктор Вембанјама со забивање на сопствена асистенција.

Популарниот Вемби од кого се очекува да ја поведе Франција на Олимписките Игри 2024 во Париз летово, синоќа имаше 27 поени, 9 скока и 5 асистенции. 

5 јануари 2024 - 13:48