Во Атина ништо ново: хаос и прекин на кошаркарското дерби

За време на четвртиот меч од финалето на грчката кошаркарска лига, на 2 ипол минути пред крајот на третата четвртина, кога Олимпијакос имаше водство од 22 разлика, навивачите на Панатинаикос направија хаос. Фрлаа разни предмети и пиротехника врз гостинската клупа и на паркетот па судијата го прекина мечот кој е регистриран службено со победа на Олимпијакос 0-20. 

Олимпијакос со оваа победа стигна до 3-1 и нова шампионска титула, 14-та во домашното првенство. Трето место на крајот освои Перистери со Василис Спанулис на клупата кој во дуел за бронза го совлада ПАОК со 3-0.

Панатинакос денес е казнет со одземање 2 бода во новата сезона, 6 меча без публика и со парична казна. 

Првиот натпревар од финалната серија црвено-белите од Пиреја го добија 73-70, на вториот Панатинаикос го искористи домашниот терен, победи 67-65 и израмни на 1-1, а на третиот меч Олимпијакос славеше убедливо 75-52.

На четвртиот дуел гостите водеа во текот на целиот натпревар до прекинот.

16 јуни 2023 - 11:38