Вембанјама е намерачен на титулата, го испегла и шампионот на гости

Сан Антонио Спарс со победа ја отворија серијата против Оклахома Сити Тандер 125-118, а младиот Французин Виктор Вембанјама одигра чудесен натпревар. Тимот од Тексас сега води со 1-0 во серијата од финалето на Западната конференција.

Спарс на гости после дури две продолженија го победија актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер со актуелниот МВП Шеј Гилџес-Александер кој имаше бледа шутерска вечер.

Вембанјама во второто продолжение уфрли 9 од 14 поени на својот тим и беше најзаслужен за триумфот на Спарс. Оклахома Сити претходно преживеа со тројка на Шеј Гилџес-Александер на три секунди пред крајот на натпреварот кога се изборија за продолжение.

Високиот Вембанјама постигна 41 поен со неверојатни 24 скока и 3 блокади. Огромна поддршка Вемби имаше и од Дилан Харпер кој уфрли 24 поени со 11 скока, 6 асистенции и имаше 7 украдени топки. Супер партија пружи и сезонава одличниот Стефен Касл кој учествуваше со 17 поени, 11 асистенции и шест скока.

Ова е рекорд на кариерата на Вембенхама во поени и скокови во доигрувањата (иако е само втора сезона во НБА) па му се прирдружи на Вилт Чемберлен како единствени кои имале 40+ поени со 20+ скока во финале на Конференција. Харпер пак стана прв руки кој имал 15+ поени со 5+ скока и 5+ украдени топки во доигрување после Меџик Џонсон во 1980-та.

Шеј Гилџес имаше 24 поени од 23 шута кај поразените Оклахома Сити Тандер. Алекс Карузо беше најефикасен кај домаќините со 31 поен што му е рекорд на кариерата во доигрување за титула. Џајлен Вилијамс уфрли 26 поени.

 

19 мај 2026 - 09:45