Минатото лето двете страни се согласиле за договор за заем вреден 10 милиони евра по година, плус опција за продолжување на уште една сезона и право на откуп за 40 милиони евра.
За да се врати во Атлетико каде блескаше пред да замине на „Камп Ноу“ каде не се снајде баш најдобро, Гризман прифатил трократно помала плата.
Но најважниот детаљ во договорот меѓу Барса и Атлетико е откупот, а во договорот пишува дека откупот е задолжителен ако Гризман за две сезони во тимот на Диего Симеоне одигра по 30 минути или повеќе на 80% од натпреварите за кои е достапен (ако не е суспендиран или повреден).
Минатата сезона сè било во ред за Мадриѓаните: 82% од натпреварите кои ги одиграл Гризман одговарале со критериумите на договорот. Но сега е поинаку.
Францускиот репрезентативец синхроно одиграл по 26 и 28 минути во првите две кола од новата сезона во шпанска Ла Лига. Ова е итар план на „јорганџиите“ за да не мора да ѝ платат на Барселона 40 милиони евра за 32-годишниот шпиц во случај да исполни потребна минутажа според договорот.
А на Антоан му беа потребни само неколку минути игра да го реши мечот со Валенсија (0:1) и да му донесе победа на Атлетико Мадрид. Стрелец беше Французинот и во триумфот против Хетафе 3:0 во првото коло од Ла Лига.
НЕ Ѝ Е САМО НА БАРСА ТЕШКО БЕЗ ПАРИ
Финансиските проблеми во Ла Лига станаа летен тренд. За маките на Барса знаат веќе сите, но и многу други мака мачат. Например Алмерија морала да го продаде својот најдобар стрелец Умар Садик (20 милиони евра во Реал Сосиедад) за да може да регистрира играчи.
Бетис не може да го потише големиот чудесен талент од Лион, Усам Ауар или да го откупи договорот на бекот Ектор Бељерин. За таква цел ќе мора да го продадат Вилијам Карваљо.
Марка смета дека за сево ова е виновна зделката за продажба на 10% од правата на Ла Лига на инвестицискиот фонд CVC Capital Partners. Поранешниот спортски директор на клубот Елче, Нико Родригез вели дека клубовите од Ла Лига згрешиле што прифатиле потпис на оваа зделка, а AS додава дека средствата од CVC доцнат затоа што најголемите клубови од Ла Лига во последен момент се откажале од договорот.
Летово клубовите од Ла Лига потрошиле 420 милиони евра на трансфери, 12 милиони повеќе од Лига 1 но многу помалку од другите лиги од Топ5.
Најмногу од сите бил погоден Атлетико Мадрид. Минатата година морале да продадат нови акции на клубот со цел да избегнат проблем со лигата. Претседателот Енрике Серезо го „појачал буџетот на клубот“ со 180 милиони евра заем од инвестициски фонд од САД. Но после тоа, Marca пишува дека клубот земал нов краткорочен заем од 300 милиони евра.
Уште еден чекор кој го презела управата на Атлетико бил кратење на фондот за плати. Клубот по секоја цена барал од Гризман, Жоао Феликс, Коке, Јан Облак и Тома Лемар да прифатат кратење на платите. Последните двајца се согласиле и веднаш им скратиле дел од примањата. А договорот на тренерот Диего Симеоне не се чепка.
Атлетико Мадрид во меѓувреме нашол и нов спонзор - WhaleFin. Ова било воедно и најголема спонзорска зделка во историјата на мадридскиот гигант и годинава ќе им донесе 40 милиони евра. Атлетико Мадрид исто го продаде името на стадионот на градежната компанија Civitas на 10 години и за тоа ќе добива 10 милиони евра годишно.