Страшниот Вембенјама му даде 37 поени на Лејкерс за едно полувреме

Францускиот џин го водеше Сан Антонио Спарс до петта победа по ред во НБА лигата со што се зацементираа на второ место на Западот. Виктор Вембенјама блескаше во триумфот над ЛА Лејкерс 136:107. Постигна 40 поени со 12 скока за само 27 минути на паркетот. Популарниот Вемби даде дури 37 поени во првиот дел од мечот или 25 поени за 8 минути. Лејкерс беа видно ослабнати без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остон Ривс, Деандре Ејтон и Маркус Смарт.

Виктор Вембанјама за само 4 минути и 15 секунди постигна 17 поени со неверојатен шут 5/5. До крајот на првата четвртина постигна 25 поени а во вторатата додаде уште 12 за вкупни 37 поени на полувреме.

Сан Антонио Спарс имаат 10 победи на последните 13 натпревари а покрај Вембенјама одлична вечер имаа уште и Картер Брајант со рекордни 16 поени во кариерата и Дилан Харпер со 15 поени.

Standings provided by Sofascore
11 февруари 2026 - 10:40