На ВТБ Суперкупот одигран во Москва, Димитријевиќ блескаше против Партизан во триумфот 83:77. Нено уфрли 30 поени за 30 минути (5/5 слободни, 8/9 за два, 3/5 за три поен) со по еден скок и асистенција и три украдени топки за 30 минути на паркетот.
На турнирот во големото финале за трофејот играа Зенит и гигантот ЦСКА Москва која што од клупата ја предводи нашиот Емил Рајковиќ. Клубот од Санкт Петербург победи 71:70 со кош постигнат на 2,3 секунди до крајот и одново го совлада долгогодишниот првак и повеќекратен европски шампион.