Кошаркарите на Денвер Нагетс пред своја публика ja соавладаа Атланта Хокс со 139:120, благодарение на трипл-даблот на Никола Јокиќ.
Српскиот ас го заврши мечот со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции и стана прв во НБА историјата со трипл дабл, без да влезе во игра во последниот период.
На паркетот мина 29 минути, а за трип дабл учинокот му беа потребни 21 минута. За влакно не го оствари уште во првото полувреме, му фалеше само една асистенција.
Ова му е трипл дабл број 13 сезонава и има 143 сезонски трип дабл или вкупно 161 во кариерата, вклучувајќи ги и оние од плејоф натпреварите.
Инаку добра поентерска партија кај Денвер имаа и Џамал Мареј и Мајкл Портер кои реализираа по 21 поен. Вестбрук имаше 16 поени и 11 асистенции.
Во таборот на поразениот тим Тре Јанг постигна 30 поени и 9 асистенции, а Деандре Хантер имаше 20 поени.
Jokić's triple-double for the Nuggets was so efficient, it was DIZZYING 😵💫
— NBA (@NBA) January 2, 2025
🃏 23 PTS
🃏 17 REB
🃏 15 AST
🃏 IN 29 MINUTES
It's the FIRST game of 20+p, 15+r, & 15+a in under 30 MIN in NBA HISTORY! pic.twitter.com/Aw1KrpVFhp