Шокантен кош на Никола Јокиќ, стигна и до нов рекорд

Екипата на Денвер Нагетс ја совлада Јута Џез 129:93. Никола Јокиќ забележа дабл-дабл учинок за три четвртини и надмина еден рекорд на легендарниот Лери Бирд.

Epa images
Epa images
Epa images

Во нов триумф на Денвер Нагетс, Јокиќ одигра три четвртини и постигна 27 поени (8/14 од игра) со 14 скока и 6 асистенции.

Во последните моменти од втората четвртина, пред крајот на тој период Јокиќ кога виде дека времето истекува, со една рака ја фрли топката од своја половина и погоди луд кош:

 

Со ваквиот учинок успеа да ја надмине јубилејната бројка од 16.000 поени и во моментов е на 16.011 постигнати поени во НБА лигата.

 

Јокиќ со досегашните 8.000+ скокови и 5.000+ асистенции стана најбрзиот кошаркар во НБА на кој тоа му пошло од рака во историјата на лигата. Србинот го надмина Лери Бирд на кого за таков учинок 16.000+, 8.000+, 5.000+ му требале 799 натпревари. Јокиќ го стори тоа за 739 одиграни официјални средби во НБА.

Покрај Јокиќ, во победата на Денвер Нагетс одлични партии пружија уште и Мајкл Портер Џуниор со 20 поени, Расел Вестбрук со 17 поени и 7 асистенции и Кристијан Браун со 16 поени.

Кај „џезерите“ Колин Секстон со 20 поени и Кајл Филиповски со 18 поени и 13 скока беа најефикасни.

29 март 2025 - 09:07