Шекил раскажа како си поминал со Лука Дончиќ како домаќин

Легендарниот Шекил О’Нил, еден од најдборите центри во НБА на сите времиња, летово настапи во Хрватска и Словенија каде пуштал музика во друштво на Лука Дончиќ.

Шек најпрвин гостувал на хрватскиот остров Крк, па во Дубровник и на крај се прошетал низ Словенија. Домаќин му бил Лука Дончиќ кој го пречекал омилениот идол.

„Благодарен сум му на Лука. Кога стигнав во неговиот град (Љубљана), ме собраа некои луѓе и ме однесоа во вилата која Дончиќ ја подготвил за мене. Ми дадоа пица, наргиле и овошје. Од таму ме испратија на настап. Лука ми кажа дека ништо нема да ми се случи во неговиот град. Ме нарекуваше О’ниловиќ, така ме викаат таму кај него. Им благодарам на Лука и на Горан Драгиќ што ми го овозможија тоа.

Кога стигнав таму, Лука ми кажа: „Знам дека си изнајмил хотел, ама сакам да одиш на некое друго место. Ме однесе негде покрај вода во вила со четири соби. Носеше наргиле со себе“, раскажал О’Нил во својот подкаст The Big.

 

 

26 јули 2022 - 13:21