Милиони деца од целиот свет сонуваат да играат професионална кошарка во НБА лигата, но колку и да работат напорно, пресметките на американските статистичари за нив се обезхрабрувачки.
На кратко ова се бројките, односно шансите на еден талент од средно училиште од САД да стигне до највисокото скалило - НБА лигата:
Вкупен број на средношколци кошаркари во САД: 545.844
Вкупен број на колеџ кошаркари: 17.500
Вкупен број на драфтувани играчи од средно училиште: 48
Ако овие бројки се претворат во проценти:
Играчи кои од средно училиште играат и на колеџ: 2,9%
Играчи кои од колеџ стигнуваат во НБА: 1,3%
Играчи кои од средно училиште одат во НБА: 0,03%
Ова значи дека од 10.000 деца кои играат кошарка во средно училиште во САД, само тројца ќе стигнат до НБА. Ова не значи и дека тие ќе играат повеќе од пет секунди и ќе потпишат реклама со Пепси, туку само дека ќе бидат драфтувани.
Заклучокот е дека дури и да си убеден дека си следниот Коби, Леброн или Мајкл Џордан, подобро би било да си научиш математика, за дури и ако стигнеш до НБА, да знаеш подобро да ги броиш парите од Ален Ајверсон и останатите 80% од пензионирани кошаркари кои банкротираа во рок од пет години по завршување на кариерата.