Шампионска парада на Денвер Нагетс, Јокиќ поздравен од илјадници навивачи

Денвер ја дочека првата кошаркарска титула која што генерации ја сонувале 47 години. Затоа на шампионската парада според процени на полицјата, имало околу 700.000 присутни.

Новиот НБА шампион Денвер Нагетс шампионски парадираше по улиците на градот, а лидерот Никола Јокиќ стоеше на чело, со својата ќерка и сопруга.

Во еден момент при обраќање до навивачите, МВП суперѕвездата Јокиќ рече: „Како што знаете, јас реков дека не сакам да останам за парадата, ама јас ебено сакам да останам на парадава. Ова е неверојатно. Ова ќе го паметиме цел живот. Ова е за вас!“ со што предизвика еуфорија меѓу навивачите кои скандираа: „МВП“!

Во главна улога сепак беше тренерот Мајкл Мелоун кој очигледно беше „под гас“. Дошол на парадата во маица со шампионски прстен и сопствен цитат после првиот меч од серијата со Лејкерс кога вети дека ќе биде 4-0 во корист на Нагетс.

Воглавно целата слава од парадата ја освои тренерот Мајк Мелоун за кого Вик Ломбарди рече: „Дојде на светов како син на тренер, а во плејофот стана татко на Лејкерс“.

Мелоун во претходните неколку дена во неколку наврати ги пецкаше Леброн и ЛА Лејкерс.

Во еден момент пиеше некаков алкохол од мало шишенце на екс:

Големиот јунак на шампионската титула, Џамал Марај кој блескаше во тандем со Јокиќ, на прославата дојде со пура и маичка со натпис: „Шампионски Мареј“ поради тоа што ривалските навивачи често за него зборуваа дека е „Плејоф Мареј“ односно дека игра само во плејофот.

Сенка на прославата во еден момент фрли некој присутен кој од улица фрли лименка кон отворениот автобус на кој беа кошаркарите и ја погоди сопругата на Јокиќ Наталија во лице:

Кулминацијата била во строгиот центар на Денвер, главниот град на Колорадо, пред Капитол зданието каде се собрале стотици илјади навивачи:

16 јуни 2023 - 08:56