Реал Мадрид има нова ѕвезда - со 16 години дебитираше против Барса

Реал Мадрид ја совлада Барселона 86:79 во првото „Ел класико“ на сезоната, а најголемо откритие кај домашните беше младиот 16-годишен Исмаила Диање кој стана најмлад дебитант во историјата на Ел класико дуелите.

Реал Мадрид има нова ѕвезда во екипата. Поради тоа што го немаше главниот, Еди Таварес во екипата, тренерот на „кралевите“ Чус Матеу се реши да му даде шанса на ветеранот Венсан Порие кој постигна 22 поени и имаше 8 скока.

Шанса неочекувано во еден момент доби и Исмаил Диање, центар од Сенегал кој со 16 години, девет месеци и 28 дена стана најмлад дебитант во историјата на дерби дуелите. Досега рекордот го држеше Лука Дончиќ кој на своето деби во „Ел класико“ со Реал 19 дена „повозрасен“ играше против Барса.

Со број 4 на дресот, снажниот Диање иако има само 16 години, успеа против Барселона да забележи 9 поени и 8 скока.

„Навистина не знаев дека има 16 години. Се радувам за него зошто работи добро и ова е награда за неговиот труд. Не се младите играчи тие кои оставаат голем впечаток, туку добрите играчи. Лесно е да ставите добри играчи. Сега мора да му се пружи континуитет. Да одиграше лошо немаше да добие толку шанси но одигра добро. Тоа ќе ни помогне и да ја продолжиме ротацијата“, изјави тренерот на европскиот шампион Реал Мадрид, Чус Матео.

Што се однесува до мечот од 3. коло на АЦБ лигата, „кралевите“ ги предводеше одличниот Факундо Кампацо со 17 поени и пет асистенции а Порије како што пишавме уфрли 22 поени и 8 скока. Кај Барса Дани Бризуела уфрли 14 поени, Рокас Јокубаитис 12 а Никола Калиниќ 10 поени со 4 скока. 

2 октомври 2023 - 13:54