Никола Јокиќ во триумфот над Мајами Хит во првиот меч од финалната серија имаше 27 поени, 10 скока и 14 асистенции.
Српскиот репрезентативен центар во победата 104:93 постави неколку нови рекорди:
- Четиринаесет асистенции во првиот меч е најголе број асистенции на еден центар во историјата на едно НБА финале
- Никола Јокиќ стана втор играч во историјата на НБА кој дебитира во НБА финале со трипл-дабл. Прв бил Џејсон Кид.
- Јокиќ и Леброн Џејмс се единствени двајца играчи во последните 25 години кои на полувреме на финален меч имале 10+ поени и 10+ асистенции.
Само тројца играчи во историјата на НБА во плејофот имале 450+ поени, 200+ асистенции и 150+ скока. Тоа се Лери Бирд, Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.
Следен предизвик Денвер Нагетс ќе има меѓу недела и понеделник во 02 часот после полноќ кога Мајами Хит повторно ќе гостува.
Со овој нов трипл-дабл Јокиќ станал само вториот кошаркар во историјата кој имал најмногу поени и асистенции во двата тима на деби во НБА финале.
Прв кој блеснал на деби бил најголемиот, Мајкл Џордан во 1991-ва година.
Nikola Jokic is the 2nd player in NBA history to lead both teams outright in points and assists in a Finals debut.
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) June 2, 2023
The other player? Michael Jordan in 1991.
H/t @EliasSports pic.twitter.com/L23VZDUMaC